00389 2 3091 484
мај 9, 2018
Со посебно задоволство ве информираме дека во тек се подготовките за четвртата Едукациска школа за медицински сестри и техничари во ПЗУ ЖАН МИТРЕВ – Скопје, што ќе започне на 21.05.2018 (понеделник).
Ги повикуваме сите заинтересирани медицински сестри/техничари кои имаат положен државен испит, со или без работно искуство, со мотив за професионална обука и надградување, кои се заинтересирани да работат во ПЗУ ЖАН МИТРЕВ, да ги поднесат CV-јата на info@zmc.mk со назнака: „За Едукациска школа“, најдоцна до 14.05.2018 (понеделник).
Со сите избрани ќе биде закажан информативен разговор.