00389 2 3091 484
февруари 18, 2026
Постот кој е актуелна тема посебно за време на религиозните празници е комбинација од телесна дисциплина и внатрешна контрола што подразбира воздржување од одредени видови храна, најчесто од намирници од животинско потекло, но и свесно намалување на претераноста во секојдневието. Иако своите корени ги има во христијанската традиција, постот денес многумина го доживуваат и како период на ресетирање – време за самоконтрола, умереност и подобра грижа за сопственото тело и мисли. Во православната традиција постот не се сведува само на исхрана. Тој вклучува и воздржување од лоши навики, негативни мисли и постапки, поттикнувајќи повеќе трпение, смиреност и добрина во односот кон другите.
Велигденскиот пост, кој ни предстои, е најдолгиот и најстрогиот пост во текот на годината. Тој претставува подготовка за празникот Велигден и оваа година започнува на 23.02.2026.
Неговата строгост се должи на:
• Подолгиот временски период
• Поголемите ограничувања во исхраната
• Поголемиот акцент на лична дисциплина и духовна подготовка
Без разлика дали го практикуваме од религиозни причини или како личен предизвик, постот може да биде период на свесност, балансирање и позитивна промена – време кога вниманието го насочуваме кон она што навистина е важно. Во текот на овој период традиционално се избегнуваат месо, млечни производи и јајца, а во одредени денови и масло.
Од здравствен аспект, неделата пред почеток на постот има значајна улога – таа му овозможува на организмот постепено да се адаптира на промените во исхраната. Наместо нагло да се прекине внесот на сите намирници од животинско потекло, телото постепено го намалува внесот на протеини и масти од месо, што го намалува метаболниот и дигестивниот стрес.
Ова е особено важно бидејќи Велигденскиот пост започнува со денови на поголемо воздржување од храна, кај некои верници и со пост на вода или ограничен внес на храна. Наглата промена во исхраната може да предизвика замор, главоболка, пад на енергија или дигестивни потешкотии, па затоа постепената транзиција има заштитна улога. Овој период не е само духовна подготовка, туку и можност телото полесно да се приспособи на промените кои следуваат.

Доколку се спроведува правилно, постот може да има позитивни ефекти врз здравјето бидејќи:
Постот не претставува терапија, но може да биде поддршка на здрав начин на живот ако е правилно организиран. Преку посната храна внесуваме повеќе растителни влака, омега 3 масни киселини (доколку рибата е застапена за време на постот) а од друга страна намалуваме внес на повеќе заситени масти, процесирана храна и храна богата со прости јаглени хидрати.
Состојби каде може да се почувствуваат придобивки:
Постењето не е соодветно за сите категории на луѓе. Потребна е претпазливост или консултација со лекар во следниве состојби:
1. Фокус на вистинска храна: Зелен лиснат зеленчук, зеленчуци, мешунки, јаткасти плодови, семиња и целозрнести производи. Домашно подготвената храна е најдобар избор. Избегнувајте преработени „посни “производи како чипс, посни пецива, посни десерти со многу шеќер, посни кашкавали и индустриски вегански замени.
2. Доволен внес на протеини: Комбинирајте грав, леќа, киноа, тофу и семиња за да се задоволат дневните потреби.
3. Внес на здрави масти: Авокадо, ореви, ленено семе, ленено масло, масло од семки од тиква и маслиново масло обезбедуваат енергија и нутритивен баланс.
4. Хидратацијата е клучна: Пијте доволно вода, билни чаеви и домашни сокови без шеќер. Ограничете го кофеинот до околу 200 ml дневно (2 кафиња дневно).
5. Користете пробиотици: промената во исхраната во овој период може да предизвика дигестивен дисбаланс па поради тоа во почетокот на постот и кога постот ќе заврши пожелна е консумација на пробиотици кои ќе ни помогнат да ја одржиме цревната микрофлора во баланс и да не почуствуваме посебни дигестивни потешкотии.
6. Бидете креативни во кујната: Постот е можност за откривање нови рецепти и комбинации. Важно е да се запомни дека постот не е гладување – целта е умереност, а не исцрпеност. Доколку се појават слабост или вртоглавица, препорачливо е да се консумира лесен оброк, како овошје.
*Доколку ви е потребна стручна нутритивна поддршка или насоки за правилна и балансирана посна исхрана, закажете термин кај нашиот нутриционист.