00389 2 3091 484
јули 07,2021
Ако во вашите нокти се појавуваат дупчиња со големина на главата на игла, причината е десквамација на површинските клетки на ноктот така наречените роговидни клетки. Ова е сосема нормално и безопасно. Сепак, појавата на длабоките дупки во ноктот е можен знак на псоријаза, а можат да укажуваат и на егзема или да бидат резултат на работни услови (носете ракавици за да избегнете контакт со агресивни/абразивни супстанции).
Тенки, надолжни бразди обично се појавуваат во подоцните години и не се причина за паника. Редовно масирајте ја целата површина на ноктите со маслиново масло. Недостатокот на течност во телото ја менува и структурата на ноктите, затоа пијте доволно вода. Експертите препорачуваат да пиете најмалку еден литар на ден.
Можат да се појават и попречни (хоризонтални) жлебови. Најчесто нивното формирање најчесто се случува по повреда или болести кои предизвикуваат треска (легионела или маларија).
Дали имате суви и кршливи нокти? Не грижете се. Во повеќето случаи тоа е чисто естетски проблем, предизвикан од чест контакт со вода и абразивни материи, како што се средства за чистење и детергенти. Ставете крем за раце често, ако е можно секогаш кога ќе ги измиете. Користете само средство за отстранување на лак без ацетон и носете ракавици кога работите дома или во градината. Се препорачува масажа со специјално масло за нокти.
Ако состојбата на вашите нокти не се подобри со овие мерки, причината може да биде нарушување на тироидната жлезда. Друг можен виновник е недостаток на железо или цинк. Ако е така, најдобро е да го посетите вашиот лекар.
Испакнати нокти (со конвексно искривување) кои обично се појавуваат со задебелување на врвовите на прстите, што лекарите го нарекуваат акропахија или прсти на тапански стап. Честа причина е недостаток на кислород во екстремитетите, што значи дека оваа промена на ноктите може да биде предупредувачки знак за срцеви, респираторни или заболувања на црниот дроб, а за нивниот изглед е потребна консултација со лекар.
Терминот „лажички нокти“ се однесува на состојба во која средниот дел на ноктот тоне и врвот се свиткува нагоре. Две вообичаени причини се употребата на сапуни за одмастување и контакт со иритирачки средства за чистење или работни материјали како што е цементот. Затоа, префрлете се на не агресивни или помалку агресивни средства за чистење и носете ракавици за домашни работи и градежни зафати. Друга можна причина е анемија, и доколку проблемот продолжува, треба да го посетите вашиот лекар. Тој веројатно ќе побара / препорача да направите крвна слика за да го утврдите нивото на железо.
Обоените нокти често се предизвикани од надворешни фактори како што се хемикалии, лакови со интензивни бои и удари. Ако погодената област изгледа белузлаво или жолтеникаво и се чини дека се шири, тоа може да биде инфекција од габи. Ако е обоен еден прст или сегмент од ноктот, користењето на медицински лак може да го реши проблемот.
Доколку проблемот продолжува и станува посериозен, треба да се консултирате со вашиот лекар, кој ќе ви препише соодветен лек за решавање на проблемот. Пред сè, бидете трпеливи! Габичните инфекциите се напорни и може да се вратат ако престанете со третманот пред индицираното време од страна на лекарот.
Ако на некој од вашите нокти се појави вертикална темна линија или лента, веднаш одете на лекар. Иако постојат бројни состојби во кои се поојавува пигментација на ноктот важно е да се исклучи меланом или рак на ноктите. Раното откривање на меланомот е многу важно и раната консултација може да доведе до губење на само ноктот, а не на дел или на целиот прст.