Презентација на наша, нова метода пред стоматолози

Настани

октомври 31, 2017

Д-р Лидија Вељановска – Кириџиевска презентираше нова, ексклузивна метода за ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК, применлива и во стоматолошката пракса.

Во насока на запознавање на стоматолозите со истата, на 28 октомври, 2017 во организација на Стоматолошкиот факулет во Скопје, во амфитеатарот на деканатот на Медицински факултет се одржа семинар, каде д-р Вељановска-Кириџиевска презентираше на тема: Прегледи на темпоромандибуларен зглоб со магнетна резонанца, со акцент на состојбата на дислокација на диск на овој зглоб. Оваа метода се применува единствено во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК, во одделот на радиологија и предизвикува интерес кај стоматолозите. Неодамна, оваа метода беше презентирана од страна на д-р Вељановска – Кириџиевска и во рамките на Научниот клуб на болницата.