00389 2 3091 484
јуни 06,2024
Подмладување, вечна младост, како да се остане млада и посакувана? се теми кои се стари колку и човештвото. Во последните неколку години особено актуелен меѓу жените е трендот за рејувенација, односно подмладување на гениталната област. Оваа процедура се изведува со цел затегнување на внатрешните и надворешните мускули и структури на вагината, со што се подобрува тонусот, силата и контролата на вагиналните мускули. Вагиналното подмладување ја третира и вагиналната релаксација, честа состојба поврзана со породувањето и стареењето.
Вагиналното подмладување е процедура со која се решаваат не само естетските туку и функционалните проблеми со кои се соочуваат жените.
Кога зборуваме за вагиналното подмладување, мора да кажеме дека не станува збор само за подобар сексуален живот по направената интервенција. Жените одбираат да се подложат на вагинално подмладување од голем број други причини, а многу од нив немаат никаква врска со сексот. Тоа се генерално проблеми кои произлегуваат од непријатностите поврзани со вагиналната структура чија структура со текот на годините или од некоја причина (породување) се променила. Тука би ги споменале функционалните проблеми, како држење на урината (прокапување при кашлање, смеење), видливо ткиво со лузна од епизиотомија, болка при односи, сувост во вагината, проблеми при движење, спортување или други активности.
Освен решавањето на наброените проблеми како бонус доаѓа и подобрениот сексуален живот како резултат на затегнувањето на вагиналниот канал. Конкретно триењето се зголемува за време на сексуалниот однос и предизвикува поголема стимулација и задоволство за време на сексот. Постојат студии кои всушност покажуваат дека од 83% до 90% од пациентите со вагиналното подмладување доживуваат подобрување во нивниот сексуален живот по интервенцијата.
Исто така, освен што вагиналната структура го подобрува сексуалниот живот на пациентките, подобрувањето на естетскиот изглед ја подобрува нивната самодоверба што резултира со зголемено либидо.
Тие можат да си го вратат задоволството, чувството на сигурност и самодоверба!
Секако клучно е да се избере специјалист за оваа проблематика. Интервенцијата за подмладување на вагината е кратка, трае помалку од 1 час. Идеално ја изведува гинеколог-хирург, специјализиран во областа на естетската вагинална хирургија, што обезбедува оптимални резултати како естетски така и функционално.
Оваа интервенција е долготрајна инвестиција. Иако е нормално сите делови од телото малку да се релаксираат како што старееме, вагиналната област никогаш не треба да се врати на степенот на релаксација која постоела пред интервенцијата.
Пациентките кои планираат да се подложат на вагинално подмладување ќе добијат план за третман кој е целосно персонализиран согласно секоја од нивните потреби. Тие ќе можат да добијат попрецизна проценка уште при нивната првична консултација, односно при темелениот гинеколошки преглед. При тоа докторот – гинеколог ќе го открие степенот на проблемите и ќе разговара повеќе со пациентот со цел да ги дознае за нивните желби. Откако сето ова ќе се земе предвид, се пристапува кон реализација на вагиналното подмладување, односно кон остварување на желбата на пациентот.
Доколку сте заинтересирани за оваа процедура, ве повикуваме да се јавите во контакт центарот на 02/3091-4894 и да закажете консултација со д-р Виолета Николов – гинеколог акушер која е искусна во спроведување на вагинална рејувенација.