Ракот не познава граници. Секој може да е засегнат!

Настани

февруари 9, 2022

Не чекајте, закажете преглед по намалени цени

Сигурни сме дека веќе знаете дека ракот се вбројува во 10-те најголеми закани за глобалното здравје на човешвото. Само во 2021 година околу 10 милиони луѓе ширум светот починале од рак. Но не е само предвремената смрт она што загрижува. Тука се изгубената продуктивност, здравствените трошоци, изгубените примања, намалениот квалитет на живот, попреченоста.

Затоа секој 4-ти февруари, Светскиот ден на карциномот го привлекува вниманието во светот кон ракот и неговата превенција, дијагностицирање и лекување, признавајќи ја посветеноста на организациите, заедниците и индивидуите за намалување на глобалното влијание на болеста.

Да не ја потценуваме моќта на колективната свест, да дадеме сите придонес кон подигање на свеста дека голем процент (30 до 50%) на сите видови рак можат да се спречат доколку се преземат мерки навреме. Денес, има 43.8 милиони луѓе кои се живи и 5 години по нивната дијагноза.

Преку инвестирање, поголем пристап до информации, навремена дијагностика и лекување се зголемуваат шансите за преживување канцер.
Ние во Жан Митрев се приклучуваме кон иницијативата за информирање и навремена дијагностика по намалени цени. Во периодот од 7 февруари заклучно 31 март прегледите: ехо на дојка, 2Д, 3Д мамографија, компјутерска томографија на бели дробови и видеодермоскпското мапирње на кожата се на половина цена.

Не чекајте, закажете го вашиот преглед на 02/3091-484

Направете се што е во ваша моќ за да го намалите ризикот од канцер, потрудете се да ги применувате следните совети:

  • Правете редовни прегледи, тие се клучен фактор за спасување животи, бидејќи ја спречуваат можноста за заболување од рак или пак го намалуваат ризикот од предвремена смрт
  • Ограничете го користењето на алкохолни пијалоци и тутун бидејќи тие ги зголемуваат шансите за заболување од рак.
  • Адаптирајте се на поздрав начин на живот.
  • Бидете физички активни. Намалете го времето кое го поминувате седејќи.
  • Избегнувајте изложување на сонце. Користете заштита за сонце.
  • Преземете мерки за одржување здрава телесна тежина.