00389 2 3091 484
октомври 5, 2021
Клучно е да знаете дека годишниот мамографски скрининг треба да го практикуваат сите жени по 40-та година од животот. Додека пак, сите оние кои имаат зголемен ризик заснован на генетика, или постоечка историја на проблеми ова треба да го прават почесто.
Иако истражувачите продолжуваат да бараат нови технологии за откривање на болестите на дојка, тридимензионалната (3D) мамографија останува една од најдобрите алатки достапни за скрининг и откривање на рак на дојка.
3D мамографијата уште позната како томосинтеза, користи ниски дози на зрачење за да направи слики од ткивото на дојката кои се претставени – „исечени“ во повеќе слоеви.
Компјутерската апликација ги трансформира слоевите во 3D- аспекти од ткивото на дојката. Густината на ткивото го одредува бројот на овие слоеви. Колку е погусто ткивото, толку повеќе слоеви генерира компјутерот, обезбедувајќи им на радиолозите и техничарите појасни погледи на ткивото.
3D мамографијата дава појасна слика за ткивото на градите, особено кај пациенти со густи гради. Со добивањето на јасните слики од 3Д мамографија, се намалува потребата од дополнителни испитувања и со тоа се скратува времето на чекање, а самите пациенти се помалку вознемирени бидејќи добиваат навремени и сигурни резултати.
Не само истражувањата, туку и праксата покажува дека дигиталните мамограми се значително подобри од конвенционалните мамографи за откривање на рак на дојка кај жени помлади од 50 години, кај жени пред менопауза и во менопауза и кај жени со густи гради. Стапката на преживување за луѓето со рак на дојка кој е откриен рано, во локализирана фаза, е 98 проценти, според Националната фондација за рак на дојка.
Можностите за зголемување на 3D системот и напредните филтри, исто така, им олеснуваат на техничарите за мамографија да ги гледаат сликите како што се направени.
Во согласност со препораките на Американското здружение за рак, експертите ги повикуваат жените да прават месечни самоиспитувања на градите и да подлежат на годишни мамографи за скрининг на возраст од 40 години до возраст од 80 – 85 години. Тие, исто така, препорачуваат претходни мамографи за оние кои што во семејството имале член со рак на дојка, или пак, имале други фактори на ризик. Покрај тоа, важно е да се спроведува клинички преглед на дојка секоја година од лекар или друг здравствен работник обучен за оваа техника.