Рехабилитација по мозочен удар

Дневна доза здравје

јули 13, 2023

Дали знаевте дека според последните статистики од WSO (The World Stroke Organization) околу 12.2 милиони луѓе во светот доживуваат мозочен удар секоја година? 6.5 милиони луѓе годишно умираат од него, а огромен процент или 101 милион луѓе живеат со последици од истиот.

Преживеаниот мозочен удар кај многу луѓе значи комплетна промена на животните навики, односно прилагодување на својот живот кон ново настанатата состојба. Во зависност од тежината на мозочниот удар, тој дури може да доведе до постојан престој во установа за нега. Во склоп на оваа нега, како клучен елемент, влегува физиотерапијата. Таа е од огромно значење во сите фази на опоравување од мозочен удар. Проценката за потреба за рехабилитација, треба да се направи во првите 24 до 48 часа по доживувањето на мозочен удар.

Што е рехабилитација по мозочен удар?

За да се разбере рехабилитацијата која се применува по мозочен удар, треба да се разбере што е мозочен удар и што го предизивикува.
Мозочниот удар се случува кога протокот на крв во мозокот станува компромитиран. Ова може да се случи доколку:

  • Некој крвен сад е блокиран и го прекине снабдувањето со крв во мозокот. Тогаш станува збор за исхемичен мозочен удар.
  • Крвен сад крвари во мозокот, што е познато како хеморагичен мозочен удар.

Во двата случаи, бидејќи крвта го снабдува, односно носи витално потербен кислород во мозокот, доколку протокот не се обнови брзо, се случува изумирање на мозочните клетки. Поточно, немањето кислород ќе доведе до трајно оштетување на погодената област на мозокот.

Кои се факторите кои може да доведат до мозочен удар?

Начинот на живот и здравствените фактори за кои се знае со сигурност дека се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар вклучуваат: висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол, пушење, физичка неактивност и прекумерна тежина.
Влијанието на мозочниот удар врз животот на прживеаниот во голема мера зависи од тоа каде во мозокот се случил и колку голема површина засегнал.

Вообичаените функционални и невролошки проблеми по мозочен удар вклучуваат:

  • слабост или губење на движењето во рацете или нозете (обично на едната страна од телото),
  • промени во чувството, како што се пецкање, вкочанетост или губење на чувството,
  • промени во чувство за перцепција (немање просторона ориентација),
  • тешкотии при голтање и/или зборување,
  • тешкотии со читање и/или пишување,
  • проблеми со размислувањето и меморијата,
  • промени во расположението (чувството на депресија),
  • проблеми со видот (двојно гледање),
  • проблеми со рамнотежата,
  • болка во рамото,
  • инконтиненција,
  • замор.

Цел на физиотерапијата и рехабилитација по мозочен удар

Главната цел на програмата за рехабилитација по мозочен удар е да им помогне на пациентите повторно да ги научат вештините што ги изгубиле како резултат на оштетувањата на мозокот настанати од мозочниот удар.
Всушност на ваквите пациенти им е потребна деликатна рамнотежа на ментална и физичка стимулација секој ден. Количината на стимулација се менува и зависи од напредокот, односно се зголемува како пациентот напредува во неговото закрепнување. Крајната цел на физиотерапевтот е подобрена независност и безбедност во домашната средина. Секако, сакаат да се обидат да ги вратат луѓето што е можно поблиску до нивното претходно ниво на функционирање.
Ако мозочниот удар е тежок, целта е пациентот да научи да употебува алатки, техники и стратегии за прилагодување, односно за безбедно да живее дома со надзор. Физиотерапевтите се обучени да ги едуцираат и членовите на семејството и самите пациенти за нивната безбедност и мобилност како во установа, така и дома.

Рана (или акутна) фаза

Во раните фази на мозочниот удар, физиотерапевтот првенствено ќе работи на проценка на степенот на штетата. Исто така ќе се работи и на вештини за рана мобилност како што се лесно зајакнување, истегнување, координација, позиционирање, седнување.
Како што напредува пациентот, целите на рехабилитација ќе се прилагодат за да вклучуваат покомпликувани функционални активности. Главниот фокус на овие сесии е да се спречат понатамошни компликации и да се третираат активните проблеми.

Субакутна фаза

Луѓето кои имале мозочен удар и спровеле рана, сеопфатна рехабилитација имаат многу подобри резултати. За најдобри резултати, рехабилитацијата треба да биде интензивна и структуирана за да обезбеди колку што е можно повеќе планирано време за терапија (окупациона терапија и физиотерапија) – идеално минимум три часа дневно, со најмалку два часа активна практика на задачи во ова време.

Задачите треба да вклучуваат:

  • обука за одење и подвижност,
  • обновување на рамнотежа,
  • обновување на функцијата на засегнатите екстремитети,
  • управување со спастицитет,
  • кардиореспираторен тренинг.

Долгорочна (хронична) фаза

На оние кои преживеале мозочен удар понекогаш им се кажува дека има ограничен простор за рехабилитација по три до шест месеци. Сепак, истражувањата сугерираат дека со вистински совети и вежби, значително закрепнување е можно дури и години по мозочен удар. Во зависност од потребите и целите на пациентот, физиотерапевтот креира персонализирана програма за работа на која било од областите кои се засегнати. Истражувања покажуваат дека по мозочен удар физичката активност и нивото на кондиција обично се ниски, затоа интервенциите за зголемување на кондицијата може да помогнат да се подобрат функциите и да се намалат инвалидитетот и смртноста.

Нашата клиника нуди најсовремена дијагностика за рано откривање и превенирање на мозочните удари. Кај пациентите со преживеан мозочен удар во нашата клиника се спроведува најсовремена физикална терпија. Располагаме и со најсовемена апаратура за елекро терапија, магнет терапија, кинези терапија. Во зависност од состојбите се спроведува и респираторна терапија.

Оваа година е забележана како година со зголемен број на пациенти со ваква состојба и слободно можеме да се пофалиме дека тие ја напуштија болницата среќни, чекорејќи самостојно, со придружба или со помагала. Овие пациенти станаа дел од нашето семејство. Им благодариме за дадената доверба да се грижиме за нивното здравје и да го продолжиме нивниот живот.

Дипл. ФТ. Ивана Костадинова