00389 2 3091 484
јуни 22, 2017
Д-р Жан Митрев, на 20 јуни, 2017(вторник) изврши сложена реконстуктивна хируршка операција на деветгодишно дете со дијагностициран Марфан синдром. Марфан синдромот е многу редок кај пациентите од женската популација, најчесто се дијгностицира после 10-та година, а физичките промени се забележуваат од самото раѓање (високи, грациални со долги екстремитети, деформитети на градниот кош, долги тенки прсти, кифосколиоза, високо непце, дентални абнормалности, миопија кај 75% од пацинети). Кардиоваскуларната манифестација е со појава на аневрзима на аортниот корен, пролапс на предниот митрален куспис.
„Кај пациентката тенденција беше да се задржи природното ткиво кај пациентот и да се овозможи нормален раст и развој. Затоа и се одлучи да се направи реконструкција на аортниот корен по Tirone David техника каде е задржана природната валвула на пациентот, при што е затегнат нативниот аортен прстен. Вавулата е реимпантирана (повторно креирaна) во специјална протеза од Албографт 28мм која се постави во позиција на почетниот дел на аортата и со која се направи реконструкцијата на самиот корен. Потоа, на истата протеза повторно се креираа отвори на кои се прешија двете главни коронарни артерии. Протезата од 28мм со која се реконструираше аортниот корен се надоврза со протеза од 20мм со која се замени нагорната аорта. Истата, се соши на аортниот лак. Со трансезофагеално ехокардиографија се потврди дека валвулата уредно функционира“.
Се сретнавме и нејзината мајка на одделението за интензивна нега која е благодарна за спасениот живот и среќата да биде во „најдобрите раце“ од медицината. „Детето беше следено долго време поради шум на срцето и правевме редовни контроли, при што аортата се зголемуваше. По препорака од други доктори се јавивме на преглед овде и по прегледот од д-р Иван Милев и консултацијата со д-р Жан Митрев беше направена операцијата која е успешна“, објасни мајката.
До сега, во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ се оперирани 834 пациенти со заболување на аортата, од кои 331 со акутна дисекција и 234 со аортни аневризми, меѓу кои и 3 деца со Марфанов Синдром.
За сложеноста на операцијата потврдуваат снимките од КТ и шематскиот приказ.