00389 2 3091 484
ноември 11,2017
„За д-р Жан Митрев и неговата стручност во кардиохирургијата дознав од македонските телевизии кои ги следиме во Австралија. Таму живеам повеќе од 5 години, а претходно во Нов Зеланд. Специјално за операцијата на срце допатував од Австралија затоа што тој е најпознатиот кардиохирург во светот. Синовите ме убедуваа таму да ја направам операцијата за да не патувам. Но, јас сепак се одлучив за најдобриот и дојдов во Македонија“, вака зборуваше Пандора Ивановска (72) која ја подготвуваа за операција за тој ден. Сите прегледи ги направила во „Филип Втори“ во Битола и потоа донела финална одлука за операцијата да и ја направи д-р Жан Митрев. За неговата исклучителна стручност слушала препораки и од познат американски кардиохирург. „Д-р Митрев е најбаран кардиохирург, светски човек со харизма, обожаван е од пациентите. Во тоа се уверив и јас. Премногу му верувам и знам дека се ќе биде во ред со мене“, дополни Пандорка.
Реконструкција на митрална и трикуспидална валвула направи д-р Митрев кај Пандора. Ја посетивме и пред да си оди. Вели дека постоперативните денови ги поминала во најдобар ред. „Имам пофални зборови најмногу за човекот со златни раце, за д-р Митрев. И секако, за целиот љубезен персонал кои беа постојано околу мене. Благодарна сум што д-р Митрев ми го продолжи животот. Но, овде ќе ги направам и сите последователни контроли и кога докторот ќе ми каже дека сум добро дури тогаш може да се вратам во Австралија. До тогаш ќе бидам со сопругот во с. Буково, битолско каде ќе уживам во природа и ќе се движам, како што ми препорачаа докторите“!