00389 2 3091 484
март 03,2018
Тимот на Жан Митрев пред повеќе години ми го оперираше срцето и ми го продолжи животот, а еве сега го стори истото и за мојата сопруга Ленче, ја започна својата приказна нашиот поранешен пациент Љубомир од Пробиштип.
Тој вели дека кога дошол да се оперира во „Филип Втори“ бил во многу тешка состојба, неговото срце работело забавено и неколку денови од својот престој во болницата не ги ни помни, но потоа по операцијата започнал нов период во неговиот живот.
Сега дојде време да се оперира и неговата животна сопатничка, госпоѓа Ленче, со која се во брак 51 година. Заедно поминале повеќе од половина век исполнети со љубов, внимание и грижа за децата и внуците. И ете ги повторно кај нас, овојпат во новата болница, полни со доверба и свесни за квалитетот што го поседува медицинскиот тим на д-р Жан Митрев.
И по успешната операција насмевки на нивните лица и благодарност до сите: д-р Жан Митрев, д-р Енвер Идоски, д-р Иван Милев, д-р Никола Христов, д-р Шпенд Идризи, сестра Ане, сестра Гордана, целиот тим кој се погрижи овие две срца и понатаму да бијат во ист ритам.
Ние им посакуваме уште долго да останат неразделни!