00389 2 3091 484
ноември 11,2017
В.П.М. допатувал во Македонија за да ги следи редовните локални избори, но поради влошување на здравствената состојба, резултатите ги следеше од медиумите додека закрепнуваше во болничката соба бр. 119 во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК. Како долгогодишен набљудувач на ОБСЕ за избори во Македонија и овој пат имав ангажман за мониторирање на локалните избори. Согласно процедурите направив медицински прегледи во мојата земја и по добиените резултати од анализите мојата здравствена состојба беше уредна“, почна да го објаснува патот до ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК. Една недела откако допатувал во Македонија, почувствувал болка во градите, како и промени во чукањето на срцето, а имал и покачена температура. „Бидејќи бев сместен во градот Велес се јавив на преглед во една ординација каде ми направија рендген на градите и други медицински испитувања по што констатираа дека нема некои поголеми проблеми. Но, моите колеги од мисијата на ОБСЕ во Скопје ме советуваа да направам кардиолошки преглед во оваа болница и јас тоа го направив. Прегледот беше толку стручен и ефикасен што за брзо време ги добив и резултатите и беше констатирано дека имам неправилен ритам на срцето, а беа забележани и промени во состојбата со валвулата“, ни раскажуваше пациентот додека одмараше во неговата соба на полуинтензивна нега.
Пациентот беше примен на 11-ти октомври со отежнато дишење, изразен замор и малаксаност, срцебиење и неможност да се движи. Една недела откако беше примен во болницата и му беа направени сите прегледи и инвазивни процедури, тој се чувствуваше многу подобро. И како што одговара на неговата работа, благодарение на изостреното чувство за евалуација, тој ја процени стручноста, темелноста на докторите кои се грижат за него, брзината на изведување на сите дијагностички и терапевтски процедури, како и целокупната нега на пациентите во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК.
Добивме висока оценка за професионалност и за функционирањето на целиот систем во болницата. Му благодариме за убавите зборови кон нас како тим и му посакуваме побрзо враќање во секојдневните активности.