00389 2 3091 484
ноември 11,2017
Мартин се враќа назад во Ровињ со решен проблем и позитивни искуства
Задоволството од успешната интервенција на деформитетот на градниот кош (Pextus excavatum) кај четиринаесетгодишниот Мартин Етеми се забележуваше најмногу на неговиот лик. Тоа ни го потврдија и неговите родители додека нашиот стручен тим му ги правеше потребните постоперативни преврски на Мартин на одделението за полуинтензивна нега. Тие допатуваа од Ровињ, Хрватска во Жан Митрев Клиник за овде да му се изврши хируршката интервенција на нивниот син.
„Само суперлативи за стручноста, но и човечноста која ја видовме кај д-р Жан Митрев. Откако стапивме во контакт со него веќе за неколку дена закажавме средба и договоривме термин за интервенцијата кај Мартин. Знаевме дека нашиот син е во вистински раце и очекувавме успех“, зборуваа родителите на детето.
Иницијативата за решавање на PEXTUS EXCAVATUM потекнала од Мартин кој добил информација од соученик со позитивно искуство во Жан Митрев Клиник и кај кого со успех е извршена оваа интервенција. Ова е вродена аномалија на предната страна на градниот кош и се јавува кај еден случај помеѓу 500 до 1000 деца, веднаш по раѓањето, а особено е изразен во периодот на пубертетот. Бидејќи Мартин не сакал да губи многу време, а свесен дека има решение за неговиот деформитет во регионот, воспоставиле контакт со д-р Митрев.
„Добивме термин за средба и веднаш допатувавме од Ровињ. Д-р Митрев нè прими како вистински домаќин, а при тоа детално ни објасни за самата процедура, како се изведува, кои се бенефитите, како и за времето на закрепнување. Сите претходните препораки за него и неговата стручност (од доктор од Црна Гора со кого соработувал) ни беа дополнителен „ветар во едра“. После охрабрувачкиот разговор Мартин беше нетрпелив да се реши неговиот проблем“, дополнија тие.
Сега, после успешната интервенција тој се чувствува добро, а задоволството е поголемо поради решавањето на проблем кој влијаеше и на неговиот физички изглед, а со тоа и на самодовербата.
„Среќни сме дека сè уште има човечност и стручност, и тоа во регионот. Тоа го видовме кај д-р Митрев кој е посебен човек. Таквите луѓе се реткост и тоа е Божја работа, секој не може да го работи тоа. Секојдневно да спасува по неколку животи, да носи радости во многу фамилии. Нека продолжи со таа Божја мисија“, дополни Едита, мајката на Мартин.
По направените постоперативни контроли и откако ги добија сите совети за понатаму, Мартин и неговите родители ни оставија во спомен и една нивна заедничка фотографија.