00389 2 3091 484
декември 12,2017
Мајкл Солаков, родум од САД пред девет месеци направи генетско испитување во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во Жан Митрев Клиник. Задоволен од постигнатите резултати со неговото здравје и физичкиот изглед, како и од целокупната услуга во Жан Митрев Клиник, тој не штеди на добри зборови и препораки кај пријателите во САД. Токму поради тоа со право може да кажеме дека тој е „амбасадор“ на генетските услуги од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во САД. Пред еден месец, тој дојде во Македонија заедно со пријатели од Њу Џерси, САД кои верувајќи на неговата препорака направија генетско испитување и комплетен преглед. Ја искористивме можноста да поразговаравме со Мајкл за неговото искуство, како се информирал за оваа услуга…
„Долги години имав проблеми со холестеролот, но и со мојата тежина, како и други здравствени проблеми кои ми создаваа потешкотии во секојдневието. Еднаш, во комуникација со вработен во болницата, а мој пријател, Александар Ѓоргиев зборувавме на оваа тема и тој ме упати на консултација со д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика. По деталните објаснувања не губев на време и се решив да го направам најдеталното испитување, преку коешто покрај другото се испитуваат генетски ризици за срцеви болести, канцер, имуни и невродегенеративни болести, но и „исхрана според гените.“
После дадените препораки, кај Мајкл е видлива промената во целокупниот негов стил. „Се чувствувам прекрасно! Холестеролот кој беше „тивок“ убиец на моето здравје сега ми е регулиран. Додека пак, со промената на исхраната која произлезе по направеното тестирање намалив дури 27 килограми и крвната слика ми е регулирана“, објасни Солаков. Покрај тоа ги знам моите лични генетски ризици за развивање на некои болести и за истите преземам превентивни мерки. Овие информации не се релевантни само за мене, туку и за целата моја фамилија.
Задоволството на Мајкл од квалитетна услуга која ја добил во Жан Митрев Клиник ја истакнува преку постојаните препораки кај неговите пријатели и роднини во САД. Комплетната промена на неговиот животен стил е резултатот на кој е горд тој, а тоа внесе доверба и кај неговата сопруга. Елена Солаков направи генетско испитување, а следната година и неговиот син Благој и ќерката Викторија ќе ја посетат нашата болница за да направат редовни контролни прегледи и генетска слика.