Најмалите пациенти најголем предизвик

декември 12,2024

Успешна ОРЛ интервенција кај 3 годишно дете

Нашиот мал јунак на 3,5 годишна возраст страдаше од често повторливи воспалувања на горните дишни патишта и тонзилите, слип апнеа и намален слух. Со цел трајно да се решат негото отежнато носево дишење, грчењето во време на сон, апнеите-паузите во дишењето при спиење, намалениот слух поради насобран секрет во седното уво под мембраната на ушното тапанче, беше успешно направен комбиниран микроскопски опертивен зафат. ОРЛ операција вклучуваше отстранување на крајниците (тонзилите) заедно со третиот крајник (аденоид) и под отомокроскопија беше извршена микрохирургија на средно уво со цел апликација на вентилациони цевчиња на двете тапанчеви мембрани за регулација на слухот. Операцијата ја изведе д-р Димче Марковски специјалист оториноларинголог.