00389 2 3091 484
април 04,2018
Семејството Аљидеми, кои се по потекло од соседно Косово, подолго време живее во американската сојузна држава Калифорнија, во нејзиниот главен град Сакраменто. Господинот Махмут Аљидеми, за проблемот што го имал со левото уво подолго време барал медицинска помош и совети од повеќе здравствени центри. Тој побара медицинско мислење од нашиот реномиран доктор, Прим Д-р Гогушевски, оториноларинголог, во врска со неговиот проблем.
Извесно време имам проблем поради хронична инфекција на левото уво. Од досегашните прегледи ми беше сугерирано дека проблемот ќе мора да се реши по хируршки пат. Со мојата сопруга Севдија се одлучивме операцијата на увото да ја направиме во една болница во Сан Франциско. За Zan Mitrev Clinic дознавме многу позитивни информации кои влијаеја на нашата одлука да дојдеме за да побараме второ мислење од Прим. д-р Борислав Гогушевски, оториноларинголог во оваа институција, а се со цел да се потврдат наодите од претходните испитувања и да се олесни нашата одлука за хируршка интервенција. Мене многу ми значеше тоа што го читав на Интернет за болницата на доктор Жан Митрев, а секако ги гледав и приказните од другите пациенти–раскажува Махмут пред да се јави на преглед кај Прим. д-р Борислав Гогушевски.
Доаѓаме специјално за да побараме второ мислење од Прим. д-р Борислав Гогушевски за кого исто така читавме многу позитивни мислења. Забележуваме дека болницава е на ниво на најдобрите болници во Америка. Навистина врвно професионално и со топол прием. Не изненади, се разбира позитивно, кога видовме дека вашата болница е многу популарна и почитувана во Косово. Таму сите ја знаат и многумина биле тука на некаков третман и лекување. И од луѓето стекнавме уште поголема доверба. Исто така на тамошната телевизија видовме и неколку емисии за Zan Mitrev Clinc и едноставно бевме воодушевени – вели Севдија Аљидеми.
Махмут Аљидеми за една недела повторно ќе дојде на контрола во нашата болница кај Прим.д-р Гогушевски којшто ги потврди наодите дадени во болницата во САД што додатно влијаеше позитивно на господинот Аљидеми да ја направи закажаната операција без одлагање.