00389 2 3091 484
ноември 11,2017
„Долго време имав проблеми со срцето, а од ден во ден, мојот живот и нормалното функционирање ми се отежнуваше. Не можев да одам, не можев да седам… Докторите ми велеа дека сум тежок случај со сериозни срцеви заболувања и дека единствено д-р Жан Митрев би можел да го среди тоа… и така и бидна… По првата операција направена во јануари, до сега имам направено вкупно 5 операции. Сега, се чувствувам многу добро и сум благодарен на д-р Митрев и неговиот тим што се нафатија да ми го продолжат животот“, зборуваше Јован Јовановиќ (75). Него го посетивме по завршување на последната успешна операција, по што тој се чувствува како „нов“.
„Кога првпат ме упатија во Жан Митрев Клиник следуваше експресно закажување на преглед и консултацијата со д-р Митрев во врска со мојата тешка состојба. По прегледите се утврди дека состојбата со аортата бара итна операција, но дека мора да се консултира д-р Митрев за да се утврди севкупната состојба со организмот од која зависи и успешноста на операција. По консултациите со него, беше договорено дека ќе се оперирам. И навистина, се беше брзо и ефикасно. За неколку дена јас бев опериран и сега сум среќен што повеќе ја немам таа „бомба“ во мене“, со благодарност кон д-р Митрев зборуваше пациентот.
Овде, во болницата, од првиот ден до сега континуирано наидувал на љубезен прием, одговорни и посветени вработени, а најголемата оценка ја додели на хигиената. „После сè и сите операции јас сум како нов. Ќе продолжам со животот“, дополни Јовановиќ не пропуштајќи да се заблагодари уште еднаш на д-р Жан Митрев и целиот персонал.