Позитивната енергија е заразна

април 04,2023

61 годишниот Симеон Серафимов е уште еден наш успешно опериран пациент. Тој кај нас се обрати по препорака на неговиот лекар од Кочани како резултат на дијагностициран проблем со срцето. Поради ургентност на состојбата веднаш му беше направен повќекратен бајпас на срцето. Тој е веќе на нозе и продолжува да ја шири својата позитивна енергија која е негов заштитен знак. Му посакуваме уште многу спокојни години.