00389 2 3091 484
октомври 10,2017
„И за мојата болка во коленото се најде спас… Што да кажам повеќе, од благодарам… После 7 месеци интензивни болки, прегледи и терапии во други болници кои не вродуваа со плод, а се помалку имав надеж дека има решение за мојот здравствен проблем, една докторка ми препорачаа да закажам ортопедски преглед во болницата ЖАН МИТРЕВ“, вака ја почна приказната долгогодишната планинарка Ратка Вајрача (67). Кај неа беше направена ортопедска интервенција, односно вадење на цистична формација од коленото и веднаш после операцијата, кај неа се отпочна со интензивна рана физикална рехабилитација.
Откако д-р Зорица Зајкова заврши со следењето на постоперативната состојба кај Ратка, со работа продолжи физиотерапевтката Анета Манасиева, која беше задолжена за раната рехабилитација кај пациентката. За сето тоа време, таа продолжи да го споделува нејзиното искуство… „Живеев 40 години во Штутгарт, Германија со моето семејство. После толку години, со мојот сопруг се вративме во родното Дихово, Битолско, а ќерките останаа да живеат во Германија. За жал, мојот сопруг почина, а јас продолжив да ги поминувам пензионерските денови во овој прекрасен крај. За побрзо да ми поминува денот, колку што можам, работам градинарство на земјиштето околу куќата. Имам различни овошја и зеленчуци. Покрај ова, моја пасија е и планинарењето. Заедно со моите другари ги истражуваме планините во овој крај, и секоја тура е посебно доживување. Планините имаат многу тајни, многу убавини кои никогаш до крај не можеме да ги откриеме. Во тоа е и убавината која сакам повторно да ја искусувам. Се надевам дека после интервенцијата и по завршување на рехабилитацискиот период, повторно ќе се вратам на планинарењето“, со голема желба и волја зборуваше Ратка. Изрази голема благодарност до тимот на ортопедите во болницата ЖАН МИТРЕВ, останатите доктори и персонал. За крај, покрај желбата за побрзо враќање на планинарењето и обврските на имотот во Дихово, посака да ја посетиме, да ги почувствуваме и ние убавините за кои со голема љубов нѝ раскажуваше Ратка. Ние и посакуваме што побрзо да се врати на освојување на планинските врвови, а во остварување на таа желба ќе ѝ помогне нашиот стручен медицински тим.