Уште една долга битка – успешно извојувана. По 4 месеци, Сашо си замина дома ❤️

јануари 01,2026

Нашиот пациент Сашо беше донесен од друга здравствена установа во животозагрозувачка состојба. По речиси четиримесечно лекување во нашата клиника, денес тој на свои нозе и во солидна здравствена состојба си замина дома.

Интердисциплинарниот медицински тим водеше вистинска битка за неговото спасување и опоравување. Тешката здравствена состојба, како резултат на акумулирани здравствени проблеми од претходното лекување, беше успешно надмината со макотрпна, прецизна и високо стручна медицинска грижа.

Денес Сашо е повторно во својот дом. Му посакуваме мирно продолжување на опоравувањето и целосно закрепнување. 💙