00389 2 3091 484
јули 07,2022
Доенчето на возраст од 7 месеци со вродена комплексна срцева мана Перимембранозен Вентрикуларен Септален дефект, како и Перзистентен Форамен Овале, беше дијагностицирано и следено во Клиничката болница Жан Митрев уште по раѓање. Во периодот кој следуваше, во нашата педијатриската кардиолошка амбуланта, покрај вродена срцева мана, беа констатирани и чести респираторни инфекции. Имено, респираторните инфекции се карактеристични за доенчињата со овој тип на срцеви мани. Со цел да се обезбеди соодветна можност за операција, а и да се превенира можна постоперативна системска инфекција, беше применета локална и системска антибиотска терапија.
Операцијата беше успешно изведена од д-р Митрев и неговиот тим, при што во еден акт беа корегирани двете срцеви мани.
Постоперативно доенчето релативно брзо се разбуди, бргу беше исклучено од респираторната подршка и соодветно му се стабилизираа виталните параметри. Но, се пројави aтрио-ветрикуларен блок од трет степен, поради што беше вклучен привремен пејсмејкер кој го одржуваше срцевиот ритам на задоволително ниво, но потребно беше да се постави поткожен пејсмејкер. Беше организира ургентна набавка на соодветно мал пејсмејкер и по само неколку дена истиот беше поставен од искусните д-р Ѓоргов и д-р Угуров. Последниот зафат обезбеди со сигурност фреквенцијата на срцето да биде соодветна на потребите на доенчето.
Сега тоа напредува и е среќно, весело и витално бебе. Им посакуваме неа и на нејзините родители добро здравје.