00389 2 3091 484
јуни 06,2017
Мусли Незирај (1955) од Косово сакаше да ја овековечи со фотографија средбата со неговиот доктор, Горан Јовиќ, хирург – уролог во Специјалната Болница ЖАН МИТРЕВ. Беше дојден на контролен преглед по неодамна извршената и успешна операција на простата. Д-р Јовиќ објасни дека се е во ред после операцијата при што се извадени и 10-ина камчиња од мочниот меур и му даде препораки за понатаму. Нѝ објасни дека во нашата установа се користат два начини за извршување на вакви интервенции.“ Кај пациентот беше применет класичен метод. Тоа е класична, трансвезикална простатектомија, што значи дека пристапот до простата е преку мочниот меур. Вториот метод кој се користи при вакви случаи е трансуретрална ресекција на простата со биполарна струја( ендоскопска метода) што значи дека пристапот е до уретрата“, објасни д-р Јовиќ.
Незирај е наш пациент кој пред 10 години имал операција на срце со вградени 2 бајпаса и како што вели оттогаш, до сега немал никакви проблеми со срцето. “И пред 10 години и сега јас сум презадоволен од стручноста, професионалноста и љубезноста на целиот персонал“. Иако има неколку болници и клиники во Косово неговата доверба е единствена.“ Само во оваа болница сум сигурен да го доверам животот на некој друг. Благодарам на д-р Јовиќ што само по 10 дена хоспитализација јас сум способен да продолжам нормално да си живеам, без болки, без проблеми“, дополни тој.
Тој има посебни емоции и спомени кон Скопје, затоа што овде бил на отслужување на воениот рок. Вели дека препорачува на секој кој има здравствен проблем и е во можност