Ринитис

Дневна доза здравје

јануари 01,2024

Ринитисот е многу честа состојба, која влијае на квалитетот на животот на голем број на луѓе. Постојат два вида на ринитис: алергиски и неалергиски (вазомоторен).

  • Алергиски ринитис

При алергиски ринитис, имунолошкиот систем погрешно идентификува супстанца како ,,напаѓач,, а која всушност е безопасна. Оваа супстанца се нарекува „алерген“. Имунолошкиот систем реагира на алергени со лачење на хистамин и хемиски медијатори кои обично предизвикуваат симптоми кои ги засегаат носот, грлото, очите, ушите, кожата и устата.
Алергискиот ринитис во зависност од типот на алерген може да биде сезонски или повеќегодишен.
Сезонскиот алергиски ринитис (поленска треска) е речиси секогаш предизвикан од присуството на полен во воздухот. Тој може да се појави во различни периоди од годината.
Алергискиот ринитис кој пак е предизвикан од алергени присутни во затворен простор, како што се: првут (суви слоеви на кожа), животинска плунка, мувла, остатоци од прашински грини и остатоци од лебарки/бубашваби, се нарекува повеќегодишен алергиски ринитис, бидејќи симптомите се присутни во текот на целата година.

Понекогаш алергиски симптомите можат да предизвикаат и надразнувачи како што се чад и силни мириси или промени во температурата и влажноста на воздухот. Тоа е така бидејќи алергискиот ринитис предизвикува воспаление на носната обвивка, што ја зголемува чувствителноста на супстанциите што се вдишуваат.

Многу луѓе кои страдаат од алергиски ринитис се склони и кон алергиски конјунктивитис односно алергија на очите. Дополнително, алергискиот ринитис може да ги влоши симптомите на астма кај оние кои ги имаат двете состојби.

  • Неалергиски ринитис

Најмалку еден од три лица со симптоми на ринитис нема алергии. Неалергискиот ринитис обично ги погодува возрасните и предизвикува симптоми во текот на целата година, особено назален исцедок и затнатост/конгестија. Оваа состојба се разликува од алергискиот ринитис бидејќи имунолошкиот систем не е вклучен.
Во нашата клиника се достапни испитувања за дијагностицирање на вашата состојба и на располагање ви стојат нашите лекари кои ќе ви помогнат во решавањето односно ублажувањето на симптомите.

Закажете го вашиот термин на 02 3091 484