00389 2 3091 484
Болницата организира едукации во форма на научни клубови на неделно ниво, стимулира и поддржува активни учества на македонски и европски конгреси, стимулира едукација во европски центри, организира семинари, работилници, курсеви за своите вработени и за здравствените работници, доктори, сестри и фармацевти, од Македонија и надвор од неа. Цел на едукацијата е континуирано подобрување на личните перформанси.
Во болницата работат професори и асистенти од повеќе области на медицината. Од 2010 година се спроведува теоретска и практична настава на студентите по општа медицина и специјализанти од универзитетот „Гоце Делчев“, Штип.
Од основањето на клиничката болница Жан Митрев, 2000 година, се залагаме за поместување на границите на македонското здравство и придонесуваме во развојот на медицината воопшто.
Спроведовме повеќе научни трудови, активно учествуваме на меѓународни реномирани конгреси. Добитници сме на награди. Учествувавме во повеќе меѓународни студии. Публикуваме во меѓународни списанија со висок импакт фактор.
Нашата цел е да практикуваме современа медицина, да ги следиме новините во медицината, но и да бидеме активни учесници во развојот на науката во медицината.
10.05.2018
Zan Mitrev Clinic го поддржа и учествуваше во првиот „Конгрес на студенти по општа медицина“ при Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце…
Погледни повеќе14.04.2018
Во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржа презентација на лабораторија „Биотек“ на тема „Примена на BactAlert со BioFire молекуларна…
Погледни повеќе