00389 2 3091 484
февруари 02,2025
Во склоп на научниот клуб кој редовно се одржува во клиниката и има за цел да ги информира и едуцира лекарите, овој пат претставената тема беше поврзана со карциномот на дојка и карциномот на кожа. Д-р Милан Ристески – клинички онколог, зборуваше за значењето на биопсијата како метода во однос на опсежната дисекција на ,,јазолот чувар,, кај ран карцином на дојка и меланом. Претставувајќи ги најновите научни достигнувања на оваа тема, беа анализирани и бројките, односно шансите за преживување на онколошките пациенти.