Миоми (фиброми) на матката се неканцерозни израстоци на мускулното ткиво на матката. Може да е еден или повеќе со различни големини.
Неколку генерални карактеристики
Вообичаено ги погодуваат жените на возраст меѓу 30 и 40 години.
Доколку се појавиле на помлада возраст, миомите растат побрзо.
Постоење на миом кај член од семејството, укажува на зголемен ризик за вас.
Прекумерната тежина (дебелината) и високиот крвен притисок, се дополнителни ризик фактори кои ја зголемуваат можноста да ви се појави миом.
Симптоми
Миомите (фиброиди) можат да предизвикаат многу благи симптоми, воопшто да немате симптоми, но и да бидат сериозни како:
Притисок врз мочниот меур или ректумот
Често мокрење
Инконтиненција на урина (неволно, неконтолирано подмочување)
Запек и/или ректална болка
Болка во долниот дел на грбот и/или стомакот
Надуеност, болна непријатност во пределот на вашиот стомак
Промени во менструалниот циклус, обилни крварења
Што ги предизвикува миомите?
Сеуште нема конкретен одговор што точно што ги предизвикува миомите. Утврдено е дека нивниот раст е поврзан со женските хормони естроген и прогестерон. А студиите покажуваат дека поголема е веројатноста да добиете миом доколку менструалниот циклус ви започнал на помлада возраст.
Компликации
Анемија. Некои жени со миом кои имаат невообичаено обилно крварење за време на менструацијата и/или пред/потоа. Ккао резултат на тоа стануваат анемични, со чувство на замор и недостаток на енергија, а во сериозни случаи, до проблеми со срцето.
Проблеми со плодноста и бременоста. Во некои случаи, миомите може да ги блокираат јајцеводите или ако растат долж внатрешниот ѕид на матката може да го отежнат закачувањето на оплодената јајце клетка.
Поголемите миоми може да трпат внатрешен распад чии продукти како непожелни се разнесуваат во општата циркулација во организмот на жената.
Кога да се обратите на лекар?
Обилно крварење за време на менструацијата
Циклуси кои станале поболни од претходно
Често мокрење или неможност да го контролирате протокот на урина
Промена во времетраењето на менструацијата
Нова, долготрајна болка или тежина во долниот дел на стомакот или карлицата
Планирање на бремености пoстоење на миом
Анемија
Поврзани Новости
06.12.2024
Тестикуларни импланти – решение при загуба или отсуство на тестис
Тестикуларна протеза или т.н. тестикуларен имплант е силиконски имплант кој се става во празен скротум. Недостатокот на тестис кој треба…
Кератоконусот спаѓа во групата на пореметувања на рожницата (корнеата) кој се карактеризира со нејзино истенчување и испакнување. Всушност станува збор…