Сертификати за нашите инструментарки Натка Кузевска и Христина Божиновска

Настани

ноември 16, 2023

Минатиот месец во Загреб се одржа траума курс за менаџирање на фрактури во оперативен блок. Нашите инструментарки Натка Кузевска и Христина Божиновска кои беа присутни на овој курс се здобија со дипломи. Курсот беше во организација на АО Траума – организација водена од светски познати хирурзи која има за цел обучување на медицинскиот персонал во хируршки третман на фрактури и мускулоскелетни нарушувања. Надоградбата на знаење на сите нивоа е од клучно значење особено кога се работи за примена на иновативни техники и пристапи кон различни видови на скршеници, апсолутна и релативна стабилност и рана мобилизација. Секако, сето ова тие ќе имаат шанса да го применат уште веднаш во својата секојдневна работа заедно со нашите доктори ортопеди и трауматолози.