Биохемиска лабораторија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Биохемиска лабораторија

 

 

Биохемиската лабораторија при Клиничката болница „ Жан Митрев“ нуди широк спектар на рутински и специфични лабораториски анализи за испитување крв,серум,плазма,урина и други телесни течности.Истата располага со најсофистицирана опрема од познатиот светски,реномиран производител-SIEMENS,за автоматско брзо и точно изработување на лабораториските анализи. Биохемиската Лабораторија е дел од програмата EQAS ( External Quality Assurance Services) за редовна месечна надворешна контрола и има воспоставено Систем за одржување на квалитетот со кој се осигурува дека се запазуваат задолжителните и светски прифатените стандарди во лабораториската медицина.