00389 2 3091 484
ЕЛЕКТРОФИЗИОЛОГИЈА
Електрофизиолошка студија е инвазивно испитување која се применува за проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам.
Причини поради кои треба да се направи електрофизиолошка студија
За време на електрофизиолошката студија, докторот (супспецијалист во лекување на пореметување на срцевиот ритам – Електрофизиолог) го испитува електричниот систем на срцето со помош на неколку специјални жици (електродни катетери) поставени во срцето, а преку кои се снима интракардијалниот електрокардиограм (електрограм). Овие електродни катетери се внесуваат преку воведници поставени во вените од препоните, раце, рамо или вратот.
Откако ќе се позиционираат во срцето, електродните катетери се користат за мерење на електрични сигнали кои срцето ги генерира и спроведува при неговата работа. Паралелно со ова, преку истите жици се испраќаат електрични сигнали до срцето, со цел да се репродуцира абнормалниот срцев ритам. Со овие основни техники се испитуваат голем број од пореметувањата на срцевиот ритам, а се користат и за проценка на ефикасноста од медикаментозен третман кај некои аритмии.
Срцева слабост или како што уште се нарекува слабо срце – е долгoтрајна состојба која се влошува со текот на времето. Настанува кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа доволна количина крв потребна да ги задоволи барањата на телото за нормално функционирање.
Во Европа годишно над 15 милиони луѓе умираат од срцева слабост што ја прави оваа состојба една од водечките причини за смртност.
Срцевата слабост може да биде акутно настаната и таа вообичаено се повлекува после адекватен и навремен третман, но може да помине во хронична или пак да заврши со смрт.
Доколку срцевата слабост не се препознае, дијагностицира и третира адекватно, води кон лош квалитет на живот, чести болнички лекувања и смрт.
CRT – терапија за срцева ресихронизација е нов нефармаколошки метод за третман на симптоматски пациенти во одредени услови со напредна срцева слабост – NYHA III-IV, каде најчесто постои намалена ежекциона фракција на левата комора <35%, блок на левата гранка (LBBB) и проширен QRS комплекс> (>150 ms), во услови на докажана дискинезија или асинхрона работа на коморите.
Овие пејсмејкери се имплантираат кај одредена група на пациенти со срцева слабост, кои имаат ослабено срце и електрично асинхрона стимулација помеѓу левата и десната комора (електрично доцнење) што резултира со механичка асинхронија / доцнење, што доведува до срцева слабост (срцето како пумпа е значително ослабена).
Имплантација на овој пејсмејкер речиси истовремено ги стимулира левата и десната комора, што кај околу 60% од пациентите доведува до обновување на срцевата слабост во поголема или помала мера, понекогаш и до целосно закрепнување на срцето како пумпа.
Имплантибилен Кардиовертер Дефибрилатори (ICDs) – се справи за лекување на малигни аритмии. Различните срцеви заболувања, често доведуваат до екстремно висок пулс (180-260/мин).
Нарушувањето на срцевиот ритам е најчесто вентрикуларна тахикардија. Ова е состојба која пациентите можат да ја толерираат до одреден степен, но потребна е итна медицинска помош. Оваа состојба може да премине во вентрикуларна фибрилација, состојба кога срцето како пумпа практично не функционира и во основа оваа состојба е причина за ненадејна срцева смрт доколку таков пациент не се реанимира и не се лекува со електричен шок.
Имплантибилниот Кардиовертер дефибрилатор е во состојба да ги препознае овие тахиаритмии, каде специјални алгоритми ги одвојуваат овие аритмии од другите тахикардии (забрзување на срцевиот ритам) при тоа аплицира електричен третман таму каде е потребно.
Ги прекинува на два начина:
– Преку брза електрична стимулација или таканаречен антитахикарден пејсинг (АТП) многу често се нормализира срцевиот ритам.
– Таму каде антитахикардниот пејсинг не успее да го регулира срцевиот ритам, справата аплицира струен удар кој пациентот го чувствува како удар во градниот кош
– Мономорфна Коморна Тахикардија
– Треперење на коморите (Вентрикуларна Фибрилација)
Пејсмејкерот е мал електричен уред со големина на кутија од кибрит и тежина од 20-50 грама, кој за прв пат бил вграден во 1958 година во Шведска. Основната функција на пејсмејкерот е да обезбеди електрични импулси до срцевиот мускул и на тој начин да предизвика контракција на срцевиот мускул.
Во услови кога електричната активност на срцето е пореметена потребно е да се инсталира електростимулатор кој на некој начин ќе ја имитира работата на природниот електричен систем на срцето.
Пејсмејкерот се состои од два основни дела: генератор на електрични импулси (“Срцето” на пејсмејкерот ) и електроди кои ги носат импулсите од генераторот до срцето. Во основа генераторот е место каде што се произведуваат електричните импулси и при тоа се доведуваат до срцевиот мускул преку тенки флексибилни жици означени како – електроди.
Најчесто пејсмејкерите се вградуваат кај пациенти кои имаат неправилно чукање на срцето во два случаи: бавно отчукување на срцето, познато како брадикардија, и тахикардија, што е забрзано чукање на срцето кое е невозможно да се контролира со лекови.
За лекување на овие болести се користат еднокоморни (стимулација на една срцева празнина, комора), двокоморни пејсмејкери (стимулација на две срцеви шуплини, преткомори и комори) и бивентрикуларни пејсмејкери (трокоморна стимулација на срцето каде десна преткомора е во синхронизација со работа на обете комори кои се со подеднаква стимулација на десната и левата комора). Во најголем процент пејсмејкерот работи само кога е потребно. Тој ја обезбедува долната граница на срцевата фреквенција. Ако чукањето на срцето стане премногу бавно (брадикардија), пејсмејкерот испраќа електрични сигнали до срцето за да ги поправи/забрза отчукувањата.
Процедурата се изведува со тоа што вашиот доктор ќе инјектира локален анестетик поткожно во ѕидот на градниот кош. Таму ќе припреми мал џеб од каде електроди(те) (жици) ќе се вметнат во срцето преку некоја од околните вени. Електродите се поставуваат Рентген. Откако ќе бидат поставени се тестира функцијата на електродите, и по добивање на задоволителни параметри се приклучуваат со пејсмејкерот. Кожата се сошива со специјални конци кои се отстрануваат после 7 до 10 дена во зависност од конецот и начинот на сошивање на раната.
Пред постапката вградување на пејсмејкерот разговаравте со докторот за можните опции и видови на пејсмејкери. Откако пејсмејкерот ќе биде вграден ќе ви бидат дадени упатства за грижата за вашата рана. Ќе ви бидат ординирани антибиотици кои ќе бидат потребни да ги продолжите во домашни услови. Доколку имате потреба од дополнителна информација ве молиме да не побарате спрема вашите потреби.
Во најголем дел од случаите постапката за имплантација пејсмејкер е релативно едноставна и без компликации, но постојат одредени ризици кои треба да бидат информирани за.
Постои мал ризик од инфекција (1 400), пневмоторакс (колапс на белите дробови) (1 од 50), хематом (1 100) или дислокација на електродите (1 од 50).
Појава на овие процедурални ризици варира меѓу поединци и во зависност од постојните ризик фактори и медицински состојби.