Медицински услуги

ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА

Респираторна физикална терапија

Респираторната физикална терапија ја зголемува силата, издржливоста и ефикасноста на респираторните мускули. Самата терапија всушност го зголемува белодробниот волумен и ја подобрува размената на гасови. Ова доведува до намалување на напорот кој што го вложува пациентот за да може правилно да дише и овозможува релаксација на дишните мускули.

За таа цел, за да се постигне ова, нашите физиотерапевти формираат план/програма за активност која овозможува враќање на мобилноста, мускулната и респираторната сила на пациентите на интензивна нега. Доколку пациентот е неактивен, имобилен, тоа доведува до последици врз нивниот кардиоваскуларен, нервномускулен и респираторен систем.

CPAP (постојан позитивен притисок на дишните патишта) претставува метод во респираторната терапија кој постојано го одржува притисокот на дишните патишта во текот на целиот респираторен циклус со помош на уреди за механичка вентилација.

Респираторна физикална терапија

Рана мобилизација

Раната мобилизација на интензивна нега претставува многу повеќе од промена на положбата на пациентот. Тоа е превентивна форма на физичка и когнитивна рехабилитација, ангажирање на критично болен пациент во активност што ќе му помогне при закрепнување и подобрување на состојбата на кардио-пулмоналниот систем, превенира намалување на мускулната сила и појава на зглобни контрактури.

Овој ангажман може да биде тежок процес, меѓутоа раното започнување барем со минимална дневна активност, по можност уште на почетокот на престојот на интензивна нега, му овозможува на пациентот поголема физичка независност, поголема шанса за брзо отпуштање од болница, за рехабилитација во домашни услови и ја намалува стапката на делириум од подолг болнички престој.

Позитивните ефекти од рана мобилизација се подобрување на периферната циркулација, функционалниот капацитет на белите дробови, како и зголемување на силата, издржливоста и ефикасноста на респираторните мускули. Исто така се овозможува подобрување на мукоцилијарниот клиренс и актот на експекторација, а се превенира и појава на тромбоза, пневмонија, ателектази и други компликации.

Рана мобилизација

Постоперативна физикална терапија

Главните цели во постоперативната физикална терапија се да се поттикне реинфлација на респираторниот систем, односно на ателектатични области од белите дробови и да се одржи соодветна вентилација, да се помогне во отстранување на вишокот на бронхијален секрет и во одржување на влажноста на респираторниот тракт.

Како и да се помогне околу општата мобилност на пациентот, надвор од креветот, односно за рана мобилизација на пациентот. Превенција од намалена мобилност на зглобовите или лошо држење на телото, како резултат на инвазивни линии, трахеални цевки, дренажа, како и следење на соодветно и навремено олеснување на болката и соодветна кислородна терапија, според индивидуалните потреби на секој пациент.

Постоперативна физикална терапија

Електротерапија

Неуромускулната стимулација се постигнува со испраќање на електрични пулсации низ кожата кон нервите и мускулите за да се создаде неволева мускулна контракција. Бидејќи стимулацијата на нервите и мускулите може да се постигне преку електрични пулсации, овој модалитет може да помогне во спречување од појава на мускулна атрофија.

Соодветно на тоа, пациентите можат да бидат третирани со употреба на терапевтски третман за добивање на мускулна контракција, со што се подобрува и се одржува тонусот на мускулите без вистинска физичка активност.
Функционалната магнетна стимулација попозната како FMS терапија е стимулативна метода која преку брза промена на интензитетот на магнетното поле индуцира електрична струја во невроните. Штом струјата достигне одредена вредност, невроните постигнуваат т.н. акциски потенцијал. На овој начин невронот се деполаризира што всушност придонесува, преку праќање сигнал до моторната единица, до целосна мускулна контракција. Станува збор за неинвазивен и безболен метод кој се базира на електромагнетно поле под влијание на висок интензитет 2.5 T. кој овозможува бесконтактна стимулација на површински и длабоки ткива.
Со промената на видот на имплулсите и нивниот интезитет се добиваат различни терапевтски модули кои се користат при следните индикации:
• Намалување на спазам
• Импиџмент синдром и смрзнато рамо
• Регенерација на нерви, неуралгија, неуритис, полиневропатија
• Карпал тунел синдром
• дегенеративен ревмаутизам
• Заздравување на фрактури
• Руптури на мускули, тетиви и лигаменти
• Пателарна тендинопатија
• Епикондилит
• Спречување на атрофија на мускулите
• Акутен и хроничен лумбален синдром(лумбаго и ишијалгија)
• Акутна и хронична дегенерација на интервертебралните дискуси(дискус хернија)
• Акутна и хрнична радикулопатија
• Рехабилитација на трауматски мускул или нерв
• Третман на акутна болка
• Уринарни инконтиненции
• Фекална инконтиненција
• Еректилна дисфункција
• Рехабилитација после радикална простатектомија
• Хроничен простатис
• Зајакнување на мускулите на карлично дно

Времетраење на третманите од 20-40 мин во зависност од диагнозата.
Број на третмани од 10 до 15 по протокол во зависност од диагнозата.
Може да се комбинира со други физиотерапевтски услуги.

Електротерапија