МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Гастроскопија

Гастроскопијата овозможува евалуација на симптомите на постојана горно стомачна болка, гадење, повраќање, и/или отежнато голтање. Гастроскопијата претставува процедура за откривање на причините за крвавење од горните делови на дигестивниот систем и е многу попрецизна метода од РТГ дијагностиката.

Со гастроскопија можат да се потврдат или исклучат следниве состојби:

– Воспаление, вклучително и Helicobacter pylori

– Евентуално постоење на улцерации (чиреви) на храноводникот,желудникот и дванаесетпалечното црево

– Tумори на храноводникот,желудникот и дванаесетпалечното црево

Колоноскопија

Колоноскопија е процедура со која се гледа внатрешноста на колонот (дебелото црево).

Колоноскопија е процедура, со која лекарот со помош на колоноскоп (тенко црево) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото.

На почетокот ендоскопот содржи извор на светлина и мала видео камера, па операторот на монитор може да гледа во внатрешноста на органите. Колоноскопот, исто така, има и канал низ кој можат да се вметнат различни инструменти. Со овие инструменти операторот може да земе мал примерок (биопсија) од слузницата за детално испитување, да се отстранат полипи, или да аплицира соодветни лекови. Кога се прегледува само почетниот дел од цревото процедурата се нарекува ректоскопија.

Со колоноскопија можат да се потврдат или исклучат следниве состојби:

  • Хемороидални јазол
  • Полипи
  • Дивертикули (проширувања на дел од ѕидот на дебелото црево)
  • Синдром на нервозни црева
  • Воспалителни заболувања на дебелото црево како што се улцерохеморагичниот колит или болеста на Крон
  • Рак на дебелото црево

Колоноскопија

Гастроентеролошки преглед со ехо

Преглед од лекар специјалист со ехо на абдомен претставува дијагностичка процедура која се користи за преглед на органите во абдоменот, односно визуализација на црниот дроб, жолчното ќесе, панкреасот, бубрезите, слезенката, простата и мочен меур.