00389 2 3091 484
КАРДИОЛОГИЈА
Електрокардиограмот е дијагностички тест на електричната функција на срцето. Секоја промена во изгледот на брановите кои се прикажани на ЕКГ записот оди во прилог за некаков вид на отстапка во одредена срцева функција.
ЕКГ холтер исто така ја испитува електричната функција на срцето но за период од 24 а некогаш и 48 часа. Со ова дијагностичка процедура се следи ритамот на срцевата работа за подолг период бидејќи некои состојби кои го пореметуваат ритамот се јавуваат повремено или при состојба на сон, промена на положба а телото, психички стрест или физичка активност.
Мониторирање на крвен притисок (АБП) холтер се користи за мерење на крвниот притисок кај лица во период од 24/48 часа при вршење на секојдневни активности. Целта на оваа дијагностичка метода е следењето на варијациите на крвниот притисок во одредениот период и одредување на правилна медикаментозна терапија или модифицирање на веќе одредената.
Трансторакална ехокардиографија е стандардна дијагностичка неинвазивна техника преку која се добива подвижна слика од срцевите шуплини користејќи ултразвук кој се насочува на градниот кош преку сонда. Оваа техника овозможува проценка на пумпната сила на срцето, состојбата на валвулите (срцев шум), промена во неговите димензии, индиректно детектирање на инфаркт, белодробна хипертензија, ендокардит, перикардит, срцева слабост, дијастолна функција и коморна дисинхронија.
Трансезофагеален ехокардиограм (ТЕЕ) е дијагностичка процедура која се изведува преку специјална сонда прикачена на крај на флексибилно црево кое се воведува во хранопроводот со претходно аплицирана локална анестезија.
ТЕЕ има две главни предности:
Индикации за употреба на ТЕЕ се:
Коронарниот стрес тест се користи за проценување на ефектите на физичкиот напор врз срцето.
Индикации за спроведување на вакво тестирање се: ангинозни сиптоми, кај условно здрави пациенти со повеќе ризици за кардиваскуларни заболувања, проценка на потеклото на симптоми како губење здив и замор, провоцирање на ирегуларен ритам, проверка на ефектот од антихипертензивна терапија.
Стрес ехокардиографијата е испитување кое користи ултразвучни техники за одредување како срцевиот мускул реагира при физички, фармаколошки или електричен стрес. Тоа е безболна процедура, која постигнува слична дијагностичка и прогностичка точност како и радионуклидните перфузиски тестови, но за значително пониска цена, без негативно влијание врз средината и без последици за пациентот и докторот.
Прецизноста на стрес ехокардиографското испитување за откривање на значајна коронарна болест е помеѓу 80-90% и го надминува класичниот коронарен стрес тест, особено кај жени и пациенти со хипертрофија (задебелување) на левата комора. Стрес ехокардиографијата е моќно прогностичко средство кај хронична коронарна болест, после инфаркт на миокардот и кај евалуација на пациенти пред голема не-кардиохируршка операција. Се користи за проценка на кинетиката на зидот на левата комора, проценка на вијабилитетот на миокардот и проценка на големината на аортната стеноза.
Постојат повеќе индикации за изведување на стрес ехокардиографско испитување.
А. Дијагноза на коронарна болест:
Б. Прогноза и стратификација на ризик кај пациенти со позната коронарна болест
В. Проценка на оперативен ризик
Г. Евалуација за срцева етиологија на диспнеа (глад за воздух на напор)
Д. Евалуација после реваскуларизација
Ѓ. Локација на исхемија
Е. Евалуација на тежина на валвуларна стеноза.
Стрес ехокардиографското испитување може да се изведе со користење на добутамин, дипиридамол или со велосипед. Добутаминското ехо е подобро кај пациенти со бронхијална астма или проблеми во спроводниот систем на срцето, додека дипиридамолскиот тест се препорачува кај пациенти со тешки аритмии или тешка хипертензија. Стрес ехокардиографијата со помош на велосипед е најфизиолошко функционално испитување, кое се користи за проценка на кинетиката на срцето во мирување и после напор.
Испитувањата се изведуваат вкупно 20 -30 минути, во амбулантски услови.
Стрес ехокардиографијата претставува стандардна метода во клиничката болница Жан Митрев.
Претставува неинвазивна метода која освен за повеќе цели најчесто се користи за проценка на ризик од мозочен удар кај возрасни до 50 годишна возраст предизвикан подади перзистентен форамен овале (PFO) или канал во срцевите преткомори кој нормално се губи по раѓањето.
Кардио-пулмонален стрес тест (СРЕТ) т.н.р. ергоспирометрија е тест со кој се мери работата на срцето во корелација со белите дробови за време на физички напор.
За разлика од стандардниот стрес тест, пациентот оди на трака или вози статичен велосипед, при што му е поставена дополнителна апаратура. Таа опфаќа: апарат за мерење на крвниот притисок, електроди за правење ЕКГ (електрокардиограм ЕКГ) со кои се регистрира срцевата акција, како и маска која е поставена на лицето и со помош на која се мери кислородната потрошувачка односно фреквенцијата и силината на дишење, колку често и колку длабоко пациентот вдишува и издишува.
Спец. по интерна медицинаСупспец. по кардиологија
vilma.ampova@zmc.mk
Спец. по интерна медицинаСупспец. кардиолог
oliver.bushljetikj@zmc.mk
Спец. по интерна медицинаСупспец. по кардиологија
tanja.anguseva@zmc.mk
Спец. по интерна медицинаСупспец. по кардиологија
borjanka.georgieva@zmc.mk
Спец. по интерна медицина Супспец. по кардиологија
enver.idoski@zmc.mk
Спец. по интерна медицинаСупспец. по кардиологија
shpend.idrizi@zmc.mk
Спец. по интерна медицинаСупспец. по кардиологија
milka.klinceva@zmc.mk
Спец. по интерна медицинаСупспец. по кардиологија
ilija.neskovski@zmc.mk