МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

НЕВРОЛОГИЈА

Видни евоцирани потенцијали – ВЕП

ВЕП – е неврофизиолошки метод при кој со светлосни стимули се испитува трансмисијата од ретината до видната кора .

Индикации :

  • лезии на оптичкиот нерв; видните патишта
  • лезии на ниво на хијазма; видната кора, кортикално

  • слепило
  • диференцирање на васкуларните од демиелинизаторни
  • лезиии докажани на НМР
  • мултипла склероза – 90% е позитивен наод при клинички и субклинички лезии, служат за дијагностички критериуми
  • дијабетична ретинопатија, ретробулбарен неврит и др.

Видни евоцирани потенцијали – ВЕП

Соматосензорни евоцирани потенцијали – СЕП

СЕП – e софтифицирана неврофизиолошка метода која служи за рано откривање и локализирање на скриени или манифестни сензорни (осетни) оштетувања на сензорниот систем, од периферијата кон централниот нервен систем.Тоа е тест за висинската локализација на оштетувањата на сензорните патишта.

Се користат површни диск електроди кои се лепат вдолж нервните стебла од нозете или рацете кичмата и се регистрира сумарен потенцијал од скалпот над соматосензорната регија. Целосно е безбедна и безболна метода, можe да се повторува многу пати.

Индикации :

  • рано откривање на мултипла склероза о 80% е позитивен наодот ;
  • трауматски или компресивни оштетувања на различни нивои на рбетниот мозок и повреди на мозокот ;
  • цереброваскуларни заболувања и слично

Аудитивни евоцирани потенцијали и потенцијалите на мозочно стебло – БАЕП

БАЕП е безболен и многу прецизен метод во диференцирањето на оштетувањата на слушниот пат. Може да се користи повеќекратно и да се следи прогнозата на заболувањето.

Индикации:

  • вртоглавиците и пореметувањата на рамнотежата;
  • мозочни удари на мозочното стебло;
  • каротидна болест;
  • демиелинизаторни заболувања;
  • дегенративни заболувања;
  • неурином на н. Акустикус и тумори на понтоцеребеларниот агол;
  • диференцирање накоматозни состојби и мозочна смрт.

Евоцирани потенцијали

Евоцираните потенцијали се предизвикани потенцијали со чија помош се перципира надворешната дразба и одговорот на мозочните центри на тие дразби.

Зависно од дразбата со која тие се предизвикани разликуваме неколку видови на евоцирани потенцијали, а најчесто користени во нашата пракса се: Видни евоцирани потенцијали – ВЕП: Слушни евоцирани потенцијали и потенцијали на мозочното стебло – БАЕП: Соматосензорни евоцирани потенцијали – СЕП.

Тегобите кои со ова метода можат да се „расветлат” се сметни на видот (ослабен и изгубен вид) сметни на слухот (ослабен и изгубен слух, “зуење” ) и сензитивни системи (отрпнатост, „боцкање”, „палење”, „трпнење” и сл.)

Испитувањето е безболно, за неговата припрема нема апсолутни контраиндикации. Припремата опфаќа чиста коса, без гелови. На денот на снимањето потребно е лицето да јаде и да не прима седативи.

Евоцирани потенцијали

Електроенцефалографија (ЕЕГ)

ЕЛЕКТРОЕНЦЕФАЛОГРАФИЈАТА (ЕЕГ) е метод кој ја испитува функцијата на мозокот.

Тоа е неинвазивна техника со која се регистрираат биопотенцијалите од мозокот преку черепот, со помош на површински електроди или ЕЕГ капи.

Електроенцефалографија (ЕЕГ)

Останати доктори од овој оддел

Емилија Горгијева

Емилија Горгијева

Специјалист по неврологија

emilija.gorgijeva@zmc.mk

Види го профилот
Марија Милановска

Марија Милановска

Специјалист по неврологија

marija.milanovska@zmc.mk

Види го профилот