МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГИЈА

Болести на уво нос и грло

Болести кои ги опфаќаат сите три регии/уво, нос и грло

  • Вродени аномалии
  • Акутни и хронични инфекции
  • Повреди
  • Тумори

Тука се вбројуваат и болестите на плунковните жлезди, тироидната жлезда.

Други болести локализирани во уво

  • Состојби на средното уво со излив
  • Состојби на намалување на слухот /акутни, хронични, поврзани со возраста/
  • Зуење во ушите /тинитус
  • Состојби на нарушена рамнотежа, вертиго

Други болести локализирани во нос / и синуси

  • Носна опструкција, проблем со осетот за мирис
  • Полипи во нос и/или синуси
  • Носна/синусна алергија

Други болести на фаринкс /ларинкс

  • Носна опструкција поради зголемен трет крајник/аденоиди
  • Хипертрофија на крајници/тонзили
  • OSA /obstructive sleep apnea
  • Засипнатост на гласот/дисфонија
  • Тешкотии во голтањето/дисфагија

Болести на уво нос и грло

Флексибилна назофаринголарингоскопија

Флексибилна /фибер/ назофаринголарингоскопија ( Vivideo Pentax Medical ) – технолошка револуција во дијагностиката во доменот на оториноларингологијата, само во Zan Mitrev Clinic

VivideoPentaxMedical флексибилен /фибер/ назофаринголарингоскоп обезбедува брза, едноставна и прецизна дијагностика

Користејќи мала флексибилна сонда се прави инспекција на горните дишни патишта почнувајќи од влезот во носните простори, проценка на епифаринкс /сводот на ждрелото/, приказ на третиот крајник, се до гласните жици/ и ларинксот, како и почетниот дел на душникот

Најчести состојби кои може прецизно да се дијагностицираат со помош на оваа метода

  • Промени на носните простори – хипертрофични промени, промени во склоп на алергија, присуство на секрет, искривување/девијација на носната преграда, тумори
  • Промени на сводот на ждрелото/епифаринкс – проценка на третиот крајник кај деца, хипертрофија на лимфното ткиво, туморски промени
  • Промени на коренот на јазикот, долниот спрат на ждрелото и грлото – бенигни и малигни промени, полипи на гласни жици

Процедурата е безболна, трае неколку минути.

Екстремно малиот дијаметар на сондата го прави прегледот многу поедноставен и полесен за пациентот во однос на другите назофаринголарингоскопи.

Овозможува прецизна евалуација на структурите со HD видеоприказ и можност за видеозапис.

Флексибилна назофаринголарингоскопија

Софистицирана фибердијагностика со интегриран HD видео запис

  • Флексибилната (фибер) назофаринголарингоскопија претставува дијагностичка процедура супериорна во однос на останатите методи за визуелизација на анатомските структури на горните дишни патишта (носните кавуми, епифаринкс, хипофаринкс и ларинкс). Користејќи мала флексибилна сонда се прави инспекција на овие структури почнувајќи од влезот во носните празнини се до гласните жици/ и ларинксот, како и почетниот дел на душникот

  • процедурата е безболна, трае неколку минути
  • обезбедува брза, едноставна и прецизна дијагностика
  • софистицираната современа апаратура за фиберназофаринголарингоскопија овозможува прецизна евалуација на структурите на горните дишни патишта со HD видеоприказ и можност за видеозапис

Софистицирана фибердијагностика со интегриран HD видео запис

Отомикроскопија/видеоотомикроскопија

  • дијагностичка метода за преглед на надворешниот слушен канал и ушното тапанче со помош на микроскоп кој овозможува повеќекратно зголемување, а со тоа и подобра визуелизација и можност за подобра проценка на локалниот наод

  • претставува супериорна метода во однос на класичната отоскопија, особено кај децата поради анатомските ограничувања во однос на големината на надворешниот слушен канал и ушното тапанче
  • во текот на отомикроскопијата може да се изведуваат помали амбулантски интервенции: аспирација на секрет/или церумен од надворешниот слушен канал, земање на брис од уво, отстранување на полипи или биопсија, постоперативна тоалета
  • видеоотомикроскопијата обезбедува дополнително видео приказ на самата процедура на отомикроскопија

Аудиометрија, испитување на слух

  • Дијагностичка метода за испитување на слухот
  • Претставува субјективна метода / бара соработка од страна на пациентот. Од тие причини може да се користи кај деца над 4-годишна возраст и возрасни

  • Користејќи два пара на слушалки се испитува воздушната и коскената водливост на звучните бранови. Со аплицирање на тонови со различен интензитет и фреквенција се добива графички приказ на состојбата на слухот – аудиограм
  • Постојат два типа на оштетување на слухот – кондуктивно и сензоневрално, како и нивна комбинација
  • добиените аудиометриски наоди може да не насочат кон можната етиологија за намалувањето на слухот
  • од особена дијагностичка важност за болестите на увото е споредбена анализа на трите најважни дијагностички методи : отомикроскопија, аудиометрија и тимпанометрија

Аудиометрија, испитување на слух

Тимпанометрија, испитување на стапес рефлекс

  • дијагностичка метода за проценка на функционалната состојба на средното уво
  • претставува објективна метода, не зависи од соработката од страна на пациентот. Од тие причини може да се користи  кај помали деца, но секако и кај поголеми деца и возрасни

  • со аплицирање на променлив притисок во надворешниот слушен канал се добива графички приказ – тимпанограм
  • различните тимпанометриски наоди се карактеристични за одредени патолошки состојби на средното уво
  • тимпанометријата може да биде надополнета и со испитување на стапедијалниот рефлекс/контракција на м.стапедиус при појак сигнал
  • претставува и важна дијагностичка метода во следењето на наодот во средното уво кај воспалителните процеси
  • има особена важност кај помалите деца бидејќи овозможува детектирање на состојби кои можат да предизвикаат намалување на слухот

Операции кои ги изведуваме

  1. ​​тонзилоаденоидектомија
  2. тонзилектомија
  3. аденоидектомија
  4. фесс
  5. септопластика
  6. септоринопластика
  7. третман на слип апнеа со радиофрекфентна аблација

Останати доктори од овој оддел

Марија Докоска

Д-р Марија Докоска

Специјалист по оториноларингологија

marija.dokoska@zmc.mk

Види го профилот
Данчо Шурков

Д-р Данчо Шурков

Спец. по оториноларингологија

dancho.shurkov@zmc.mk

Види го профилот