Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

Оториноларингологија

Претставува медицинска гранка која се бави со дијагностика и третман на  болестите на уво, нос и грло.

Болести кои ги опфаќаат сите три регии/уво, нос и грло

  • Вродени аномалии
  • Акутни и хронични инфекции
  • Повреди
  • Тумори

Тука се вбројуваат и болестите на плунковните жлезди, тироидната жлезда.

Други болести локализирани во уво

  • Состојби на средното уво со излив
  • Состојби на намалување на слухот /акутни, хронични, поврзани со возраста/
  • Зуење во ушите /тинитус
  • Состојби на нарушена рамнотежа, вертиго

Други болести локализирани во нос/ и синуси

  • Носна опструкција, проблем со осетот за мирис
  • Полипи во нос и/или синуси
  • Носна/синусна алергија

Други болести на фаринкс/ларинкс

  • Носна опструкција поради зголемен трет крајник/аденоиди
  • Хипертрофија на крајници/тонзили
  • OSA /obstructive sleep apnea
  • Засипнатост на гласот/дисфонија
  • Тешкотии во голтањето/дисфагија