Педијатрија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Педијатрија

Педијатриската  служба во поликлиничкиот дел  е организирана преку  субспецијалистички ординации-пулмоалерголошка, кардиолошка, како и дневна  болница за  згрижување и пружање на помош при акутно настанати состојби кај детската популација (како акутна дехидратација, уртикарии, акутни бронхоппструктивни атаки).

Во склоп на пулмоалерголошката  амбуланта  се  пружаат сите здравствени услуги поврзани со респираторниот систем – од дијагностицирање и лекување  на сите акутни состојби, но и  дијагностика и следење на хронични состојби од типот на алерија, астма, слеп апнеа.

Услуги

  • Преглед од пулмоалерголог
  • Кожни алерголошки тестови на нутритивни и инхалаторни алергени. Одделот на педијатрија во нашата клиника работи со содветен широк обсег на алергени, самата постапка е безболна и се изведува од соодветен едуциран медицински персонал.
  • Испитување на белодробната функција (спирометрија) + бронходилататорен тест
  • Фено анализа
  • Кардиореспираторна полисомнографија – единствена дијагностичка постапка за потврда или исклучување на слеп апнеа кај децата.

Алерген специфична имунотерапија

Постапката овозможува десензибилизација на деца кај кој што е верифицирана осетливост на полени и алергени од домашната средина. Единстевно кај нас е започната примената на оваа терапија со препарати кој се применуваат во краток временски период од 2-3 месеци.

Во склоп на педијатрискоит дел, достапни се и сите потребни радиолошки имиџинг методи со цел добивање на целосна и прецизна дијагноза.

Во  педијатриската кардиолошка амбуланта се врши дијагностика на сите видови вродени срцеви мани, како и на сите проблеми во ритамот, се следат сите пациенти кај кои е веќе реализирана кардиохирушка интервенција се спроведуваат следниве услуги:

  • Преглед од искусен педијатриски кардиолог
  • ЕКГ
  • Ехокардиографија со доплер
  • Ергометрија (срцев стрес тест)
  • 24-часовен Холтер за крвен притисок
  • 24-часовен Холтер ЕКГ
  • Селекција на  пациенти кои побаруваат интервентни процедури  на вродени срцеви мани
  • Селекција на  пациенти кај кои е потребно оперативно разрешување на деца вродени срцеви маани.