00389 2 3091 484
ПЕДИЈАТРИЈА
Секое дете од 0 до 18 години заслужува најдобра медицинска заштита и грижа од страна на специјалист педијатар. Почнувајќи раѓањето на децата, се до нивната адолесцентна возраст, сензитивниот период на раст и развој треба да бидат во рацете на докторите педијатри.
Специјалистички педијатриски преглед од раѓање до 16 годишна возраст (новородени, доенчиња,претшколско и школско дете).Навремена дијагноза и третман на горни и долни респираторни заболувања,одредување на типот на алергија со алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени. Дијагноза и третман на гастроинтестинални заболувања,уринарни инфекции,анемии.
Потребен кај новородени со невроризични фактори. Тоа се предвремено родени деца, деца со мала родилна тежина, деца со низок Апгар, деца кои се родени со компликации на раѓање.
НЕВРОРАЗВОЕН ПРЕГЛЕД се прави кај сите доенчиња со
Со невроризични фактори или без, но со знаци за развојни пореметувања:
Поставувањето на работната дијагноза и клиничката проценка води кон проширена обработка и иследувања (ултразвук на мозок во доенечка возраст, ЕЕГ кај доенче и дете, биохемијкси и генетски иследувања, компјутерска томорграфија или магнетна резонанца и др.) По потреба детето се упатува кон други специјалности (ОРЛ специјалист, дефектолог, логопед, психолог, психијатар или физијатар)
Лекувањето се започнува со поставување на дијагноза и може да биде медикаментозно, или се превземаат други облици на лекување како физикална терапија, логопедски вежби, психолошки третмани и сл.
ЕЕГ е функционална неинвазивна метода која ја регистрира активноста кај мозочните клетки, чија активност се одразува низ константен пренос на електрични импулси, дури и во спиење. Оваа активност се очитува како брановита линија на ЕЕГ снимката.
ЕЕГ се применува во многу состојби како главоболка, вртоглавица, пореметна комуникација, повреди на глава, пореметување на свеста, пореметувања на говорот, пореметување во сонот и други.
Снимање кај децата се изведува така што на главата се поставува капа во болик на мрежа на која се фиксирани електроди, кои со помош на гел дополнително се залепуваат на површината на главата
Снимањето се изведува во лежечка или седечка позиција со затворени очи. Од постаро дете се бара во тек на снимањето нагло да го отвори и затвори очите. Траење на снимката во будност е 30 минути, а во тек на снимањето се спорведуваат и активацијски техники како што се длабоко дишење и фотостимулација.
Малите деца најчесто се снимаат во природен сон.
Особено е корисен ЕЕГ после непроспиена ноќ. За тој вид снимање детето се подготвува на посебен начин.
Постапката овозможува десензибилизација на деца кај кој што е верифицирана осетливост на полени и алергени од домашната средина.
Единстевно кај нас е започната примената на оваа терапија со препарати кој се применуваат во краток временски период од 2-3 месеци.
Гастроентерологијата е гранка на педијатријата која се занимава со дијагноза и терапија на заболувања на дигестивниот систем и на пореметувања во исхраната на деца и адолесценти.
Фокусот на дејноста е третман и водење на дигестивните пореметувања како што се гастроезофагеалниот рефлукс, стомачната болка, опстипацијата и проблеми во исхраната, се со цел да им се помогне на пациентите и на родителите во справувањето со болеста и подобрување на здравјето и квалитетот на животот на нивното дете. Состојби кои се третираат се:
Конгениталните срцеви дефекти преставуваат проблеми со срцевата структура кои се присустни уште од раѓање. Овие дефекти вклучувааат:
Конгениталните срцеви дефекти го менуваат нормалниот проток на крвта низ срцето. Ова настанува како последица на недоволно развиени делови на срцето пред раѓање.
Конгениталните дефекти не предизвикуваат градна болка или други болни симптоми.Тешките дефекти предизвикуваат знаци и симптоми, најчесто кај новороденчиња и вклучуваат:
Има многу типови на конгенирални срцеви дефекти, кои може да бидат едноставни дефекти без симптоми до комплексни дефекти со тешки, живото- загрозувачки симптоми. Примери на конгенитални дефекти се:
Во зависност од тежината, сложеноста и типот на самиот дефект, истиот може да биде третиран со катетеризациска процедура (интервентно) или пак со отворена операција на срце. Постојат и дефекти за чиј третман се користи комбинација и од двата типа на третман поради сложеноста на дефектот.
Операција на отворено срце кај деца со вродени срцеви маани се препорачува во случаите каде дефектот не може да биде третиран со интервентна процедура.
Во оптималниот третман на децата кои се со вродени срцеви маани кои се одликуваат со промени во ритамот на срцето, се применува и имплантирање на пејсмејкери и кардиовертер дефибрилатори (ICDs). Пејсмејкерот служи за да го регулира абнормалниот срцев ритам, додека дефибрилаторите служат за корекција на живото-загрозувачките пореметувања на ритамот.
Пулмоалергологијата е гранка на педијатријата која се занимава со воочување, испитување и терапија на алергија, астма и белодробни заболувања кај деца од раѓање до 18 години. Таа опфаќа :
Алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени, пример алергени присутни во воздухот (влакна од куче, прашина, домашна прашина, полен, животински првут, мувла, итн); како и за алергени присутни во храната (млеко, жолчка од јајце, белка од јајце, пченично брашно, риба, соја итн.). Методата на изведување е со гребење на кожата (skin prick test) со капнување на алергени, а резултатот е готов за 15 минути.
Провокационен бронходилататорен тест ( “Вентолински” тест) е метода со која се врши проценка на протокот на воздух низ дишните патишта, пред и после употребата на Ventolin. Дијагностички позитивен тест сугерира астма.
Ние можеме да ги направиме сите неопходни лабораториски анализи на крвта и урината. Доколку е потребноможе да се даде инхалаторна, интравенска и интрамускуларна терапија.
Астма – инфламаторно заболување на дишните патишта – е еден од водечките хронични заболувања кај децата, со значителен прогрес во светот и во нашата земја. Во педијатрискиот сектор, астмата претставува проблем кој ги засега и децата и родителите. Во нашата служба покрај преглед и терапија, нудиме и совети за родителите и децата, со цел поуспешно контролирање на болеста.
Спец. по педијатрија - Супспец. по педијатриска гастроентерохепатологија
aco.kostovski@zmc.mk