00389 2 3091 484
ТОРАКАЛНА ХИРУРГИЈА
PEXTUS EXCAVATUM е вродена аномалија на предната страна на градниот кош. Овој дефект се јавува кај еден случај помеѓу 500 до 1000 деца. Најчесто се јавува кај машки деца со наследен фактор, во семејства каде што и претходно имало такви случаеви. Дефектот се јавува веднаш по раѓањето, а особено е изразен во периодот на пубертетот.
Во полесни клинички форми одредени ортопедски помагала и физичка активност доведуваат до подобрување на деформитетот. Но, постојат деформитети кои може да се решат исклучиво со хируршки третман.
При деталното испитување и проценката за степенот на пектус деформитетот потребно е да се направат следните испитувања:
Хируршка процедура за санација на дефектот на градниот кош
Постојат неколку хируршки техники за корекција на градниот кош, меѓу кои и минимално инвазивната процедура на Dolnad Nuss, која се практикува во Клиничката болница Жан Митрев.
При оваа процедура со помош на метални шипки кои се нарекуваат бар-ови се влегува од едната до другата страна на градниот кош на висина на деформитетот и со свртување на шипката се поткрева градниот кош и со тоа се коригира.
Со хируршка санација на дефектот, функциитена младото тело се враќаат во нормала со што детето може да ги изврувашува сите физички активности. Операцијата трае максимум еден час со хоспитализација од еден до два дена, а пациентите можат да се вратат во нормален живот една недела по хируршкиот третман на градниот кош.
Белите дробови се одговорни за размената на гасови, односно полнење на крвта со кислород која потоа се разнесува до целото тело, и елиминирање на јаглеродниот диоксид од крвта надвор од телото.
Со секојдневното вдишување, белите дробови се изложени на бактерии вируси, алергени и токсични материи од воздухот, кои можат да бидат потенцијални причинители на заболувања на белите дробови.
Дијагностика на белодробните заболувања
За дијагностицирање и евалуација на состојба се користат повеќе видови на тестови, според кое се утврдува најдоброто решение за лекување.
Пулмонални функционални тестови
Имиџинг тестови
Визуелизација и тестови за биопсија
Хирургија
Хирургија на бели дробови се изведува кај пациентите со заболувања на белите дробови кај кои е потребен оперативен третман. Операцијата може да се изведе со видеоасистирачка торакоскопија или торакотомија. Во зависнот од заболувањето има неколку типови на операција и тоа:
Лобектомија
Пулмектомија
Пулмектомија претставува хируршка процедура при која се отстранува цело бело дробно крило.
Клинеста ресекција
Претставува хируршка процедура при која се отстранува мал, добро ограничен дел од белите дробови кој содржи карцином, заедно со околно здраво ткиво.
Сегментомија
Претставува хируршка процедура при која се отстранува мал дел од лобусот сегмент/дел од белите дробови, при што останува поголем дел од лобусот.
За соодветно дијагностицирање и третман на промените на тироидната жлезда, потребна е соработка со ендокринолог, патофизиолог и радиолог.
Ехо преглед – метода која ни дава информација за локација, морфологија и застапеност на промените и секако можност за real time биопсија. Понова метода во ултразвук е еластосонографијата каде со лесен притисок се добива скала на боење на промените која може
да ни помогне во диференцирање на промени кои мора да се биоптираат и промени кои мора да се следат.
Биопсија – секоја промена со ирегуларни контури, поголема од 1 цм, со присутни цистични полиња и калцификати е препорачливо да биде дијагностицирана со биопсија. Процедурата се одвива во “real time “ под контрола на ултрасонографија и со игла од 18 до 22 G. Потрeбна е подготовка на пациентот со антибиотска терапија и пред самата процедура се дава локална анестезија со што се избегнува болката.
Тироидектомија – хируршки третман на тироидна жлезда
Секоја откриена промена на тироиднатажлезда со промена на тироидни хормони во крв бара понатамошен третман во консултација со ендокринолог и патофизиолог. Доколку е потребна интервентна –оперативна процедура неопходна е консултација со торакален хирург. Тироидектомија е хируршка процедура со која се отстранува цела или само дел од тироидната жлезда.
Дојката е подложна на бројни бенигни и малигни состојби. Најчести заболувања на дојката се:
Најчестите симптоми и знаци кои укажуваат на заболување на дојката се:
Дијагностички процедури
Раната дијагностика на заболувањата на дојка придонесува за подобри резултати во третманот на болеста
Третман на болести на дојка
Во зависност од заболувањето, истото може да се третира нехируршки и хируршки. Во зависност од патолошкиот процес, хируршкиот третман може да биде радикален (остранување на дојката, остранување на околните инволвирани лимфни јазли) или помалку радикален – тумектомија (отстранување само на туморската маса со зачувување на дојката)
За бенигни заболувања се прави тумеректомија при што се отстранува само промената.
Правиме и субкутани мастектомии со истовремено вградување на инпланти во соработка со пластичен хирург.
Естетска хирургија на дојка
Причините заради кои може да дојде до хирушко намалување или зголемување на градите се од естетски или од здравствен карактер. Тоа вклучува редукција на дојка и корективна хирургија на дојка со импланти.
Спец. по општа хирургијаСупспец. по торакална хирургија
liljana.brajevikj@zmc.mk