ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА

Cигурна и навремена достапност на крвни компоненти за пациентите, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Преглед на одделот

Одделот за трансфузиона медицина обезбедува сигурна и навремена достапност на крвни компоненти за пациентите, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Покрај тоа, одделот го спроведува процесот на хемовигилност, кој ги опфаќа сите активности од дарител до примател, со цел зголемување на безбедноста и ефикасноста при трансфузија.

Болести и состојби

Одделот учествува во дијагностика и следење на состојби поврзани со:

  • Анемии и потреба од трансфузија
    обезбедување соодветни крвни компоненти
  • Коагулопатии
    нарушувања на згрутчување на крвта
  • Тромбози и тромбоемболиски состојби
    следење и проценка на ризик
  • Постоперативни и акутни состојби
    мониторинг на коагулација и крвна слика

Дијагностика

Во одделот се спроведуваат лабораториски и дијагностички испитувања за проценка на крвните групи, коагулацијата и ризикот од тромбоза или трансфузиски реакции.

  • Одредување на крвна група и Rh фактор – кај возрасни и новородени, како основа за безбедна трансфузија
  • Индиректен Coombs тест (IAT) – детекција на антитела во серумот кои можат да предизвикаат трансфузиски реакции или компликации во бременост
  • Директен Coombs тест (DAT) – детекција на антитела врз еритроцитите кај сомнеж за хемолиза или автоимуни состојби
  • Тестови на компатибилност – проверка на усогласеноста помеѓу крвта на пациентот и крвните компоненти пред трансфузија, со цел максимална безбедност
  • Протромбинско време (PT) – проценка на надворешниот коагулациски пат
  • Парцијално тромбопластинско време (aPTT) – проценка на внатрешниот коагулациски пат
  • Тромбинско време – проценка на финалната фаза на коагулација
  • Фибриноген – мерење на клучниот протеин потребен за создавање на згрутчување
  • D-Dimer – проценка на активна тромбоза или тромбоемболиски процес
  • INR – следење и прилагодување на орална антикоагулантна терапија
  • Anti-Xa – контрола на терапија со нискомолекуларни и нефракционирани хепарини
  • Функција на тромбоцити – проценка на способноста на тромбоцитите да учествуваат во коагулацијата
  • Ефект на антитромбоцитни лекови – следење на терапија кај пациенти кои примаат аспирин, клопидогрел и слични лекови
  • Доплер ултразвук на венски систем – неинвазивна проценка на венската циркулација, присуство на тромби и ризик од тромбоемболиски компликации

Третмани и клиничка примена

  • Трансфузија на крвни компоненти
    безбедна апликација на еритроцити, плазма или тромбоцити, според индивидуалната клиничка потреба на пациентот.
  • Поддршка при хируршки интервенции
    обезбедување крвни компоненти и следење на коагулацијата пред, за време и по операција.
  • Следење на антикоагулантна терапија
    контрола и прилагодување на терапијата кај пациенти кои примаат антикоагуланси или антитромбоцитни лекови.
  • Превенција на трансфузиски реакции
    преку систем на хемовигилност, контрола на компатибилност и внимателно следење на пациентот за време на трансфузијата.

Технологија и опрема

Одделот располага со современа лабораториска опрема која овозможува брзи, сигурни и високо прецизни резултати:

  • Diahem ID System
    автоматизиран систем за имунохематолошки анализи, одредување на крвна група, Rh фактор и антитела.
  • Sysmex CA 600
    современ анализатор за коагулациски параметри, кој овозможува брзо и прецизно мерење на PT, aPTT, INR, фибриноген и други параметри.
  • Innovance PFA 200
    систем за проценка на функцијата на тромбоцити и ефектот на антитромбоцитната терапија.
  • Xprecia Stride
    уред за брзо мерење на INR во реално време, особено корисен кај пациенти на хронична антикоагулантна терапија.

Патот на пациентот

  • Консултација
    Проценка на потреба од лабораториски испитувања или трансфузија.
  • Дијагностика
    Спроведување на соодветни анализи.
  • План за третман
    Одлука за трансфузија или следење.
  • Третман
    Апликација на крвни компоненти или терапија.
  • Следење
    Контроли и мониторинг на состојбата.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин