Медицински услуги

УРОЛОГИЈА

Дијагностички уролошки процедури

Ултразвучен преглед на урогенитален тракт – детален прегед на бубрезите во дијагностика на уринарните камења, малигни и бенигни промени на бубрезите, диференцирање на абдоминалната болка од бубрежно потекло.Преглед на мочниот меур – дијагностика на тумори и калкулоза на мочниот меур.Преглед на простатата и тестиси – кај мажи

ТRUS биопсија – единствена метода со која може да се докаже рак на простата. Се изведува со трансректална ехо-сонда, се биопсираат промените на простатата, се земаат примероци од простатата, кои се испраќаат кај патологот, кој ја поставува дефинитивната дијагноза. Процедурата се изведува со локална анестезија.

Uroflow – едноставна метода со која се добива објективен приказ за квалитетот на уринарниот млаз. Со апарат- урофлоуметар, овозможен е графички приказ на уринарниот млаз, брзина на проток на урина, изразен во милилитри во секунда(ml/sec). Тоа овозможува комплетна дијагностика на сите болести и состојби асоцирани со отежнато мокрење-болести на простата, уретрата и на мочниот меур.

Експлоративна цистоскопија: ендоскопска процедура за директен преглед на слузницата на мочниот меур, се изведува во краткотрајна општа анестезија (пропофол), за откривање на воспалителни промени, камења, туѓи тела и тумори на мочниот меур. Поставување и вадење на уретерални и Ј-Ј сонди- по ендоскопски пат, со примена на краткотрајна анестезија(пропофол)и рентген контрола.

Бужирање – дилатација (проширување) на каналот за мокрење – уретра, е процедура која се изведува во услови на дневна болница. Индикација за оваа интервентна процедура е секое стеснување на уретрата, предизвикано од воспалителни процеси, траума или постоперативни стенози- стриктури на уретра. Се изведува со метални дилататори т.н.бужии, во локална анестезија. Целата процедура е со врметраење од 20-тина минути.

Апликација (инстилација преку Нелатон катетер) на лекови (BCG – immucyst, Mitomycin) во мочниот меур – се применува како дополнителна терапија после трансуретралната ресекција на површни тумори на мочниот меур.

Дијагностички уролошки процедури

Хируршко решавање на стрес инконтинеција и спад на мочнен меур

Стрес инконтиненција е состојба кога мочниот меур испушта урина во непредвидени моменти како на пример при некоја физичка работа при кашлањње, кивање и слично. Се јавува кога има оштетување на функцијата на мускули во малата карлица кои го контролираат актот на уринирање.

Таа мускулна функција може да биде нарушена од пордување, повреда во таа регија, некои лекови, хируршки зафат во таа регија (оперативен третман на простат кај мажи). Почесто се јавува кај жени.

Дијагностика се поставува со преглед и извршување на некои тестови и инетервенции – цистоскопија, ехо дијагностика, мерење на рест урина, уринокултура, ртг со контраст, и сл. Третманот може да се модулира според клиничката слика и тежината на симптомите. Најчесто може да се започне со медикаментозен тратман со таблети кои го зголемуваат тонусот на мускулатурата и промена на животните навики. Краен третман на оваа состојвба е хируршки третман. Тој може да биде:

  • Реконструкција на предниот зид од вагината
  • Поставување на помошен свинктер
  • Инјектирање на колаген
  • Ретропубична суспензија на мочниот меур и уретрата
  • Поддршка на мочниот меур и уретрата со помош на еластични материјали
  • Вагинални поддржувачи на уретрата

Хируршко решавање на стрес инконтинеција и спад на мочнен меур

Хирургија на пенис, тестис и детска урологија

Циркумцизија

Пенисот е машки полов орган, кој како и и другите органи во човековото тело, може да биде зафатен со различни болести од кои некои бараат оперативен третман.

Започнувајќи од најрана детска возраст па се до старечката доба болести на пенисот кои се решаваат хируршки се:

Фимоза – Тоа е состојба во која има отежнато или комплетно неможно повлекување на кожата преку главата на пенисот. Може да се јави кај кај сите возрасни групи, како вродена состојба, или како стекната најчесто поради лошо одржување на хигиената.

Оперативното лекување на фимоза е Циркумцизија – постапка со која се обрежува целата кожичка и истата комплетно се отстранува со што главата на пенисот останува слободна.

Хипоспадија

Хипоспадија – Тоа е вродена аномалија на машкиот полов орган кога уретрата се отвара на долната страна на пенисот, а не на врвот. Се лекува исклучиво хируршки, со реконструкција на уретрата.

Еписпадија

Еписпадија – Тоа е вродена аномалија на машкиот полов орган кога уретрата се отвара на горната страна на пенисот, а не на врвот. Се лекува исклучиво хируршки со реконструкција на уретрата.

Kурватура на пенисот

Kурватура на пенисот – Закривување на пенисот на една страна е состојба која обично се препознава во пубертет. Пенисот е со нормален изглед, но во ерекција завзема положба со накривување на една страна. Се лекува исклучиво оперативно со пликација на туника албугинеа.

Отстранување на тестис заради тумор на тестисот

Отстранување на тестис заради тумор на тестисот (орхифуникулектомија) Орхиектомија (исто така наречена Орхидектомија) преставува хируршка процедура при која се врши отсранување на еден или двата тестиса поради третман на канцер или пак други причини, намалување на тестостерон. Оваа процедура е најчеста во третманот на тумор на тестисите.

Тестикуларни протези

Поставување на тестикуларни протези како безбедна и адекватна замена при загуба на еден или два тестиса.

Хидроцела на тестис

Хидроцела на тестис преставува физиолошка акумулација на течност околу тестисот, која предизвикува оток во скротумот. Хидроцела е честа кај новороденчиња и најчесто исчезнува без третман во текот на првата година. Постари момчиња или возрасни мажи може да развијат хидроцела како резултат на инфламација или повреда во скротумот.

Хирургија на пенис, тестис и детска урологија

Класични операции (нефректомија и трансвезикална простатектомија)

Нефректомија

Нефректомија (отстранување на бубрег- кај нефункционален и тумор на бубрегот). Третманот на повеќето видови рак на бубрег започнува со отстранување на примарниот тумор во операција која се нарекува нефректомија.

Намената на операцијата е да се острани примарниот тумор и ткивото во бубрегот кое е зафатено. Дури и доколку ракот веќе е проширен, телото ќе има корист од нефректомијата. Постојат два основни типа на нефректомија: делумна, каде што хирургот отстранува дел од бубрегот каде што е туморот и радикална каде се отстранува целиот бубрег и најчесто вклучува и отстранување на бубрежни жлезди, околното масно ткиво и линфните јазли во околина на бубрегот.

Tрансвезикална простатектомија

Tрансвезикална простатектомија или отворена простатектомија е избор на операција во случаи кога постои зголемување на простатата и истата е многу голема (на пр. повеќе од 80 gr.) Ова зголемување на простатата се вика бенигна хиперплазија на простата или БХП. Кај овие мажи трансуретрална операција не е безбедна. Трансвезикална простектомија се прави во случај на:

  • Повторувачка или постојана инфекција на уринарниот тракт
  • Акутна уринарна надуеност
  • Опструкции при мокрење
  • Повторувачка хематурија (крв во урина)
  • Патолошки промени на мочниот меур, уретрите или бубрезите заради опструкција на простата

Класични операции (нефректомија и трансвезикална простатектомија)

Ендоскопски процедури

Ендоскопската операција е минимален инвазивен пристап во кој уролошките хирурзи користат малечка видео камера (ендоскоп) и специјализирани хируршки инструменти прикачени на ендосkопот за работа на мочниот меур, мочните канали и бубрезите.

Ендоскопска операција за уринарни камења

Ендоскопска операција за уринарни камења се изведува со примена на ендоскопски техники кои се нарекуваат цистоскопија, уретроскопија и перкутана ендоскопија. Уретроскопот е специјализиран, многу долг, тенок ендоскоп кој носи малечка телескопска камера и специјализирани хируршки алати. За да ги третираат камењата, докторите го вметнуваат ендоскопот преку уретерот до мочниот меур за да добијат јасна слика за уретрите, каналите кои ги поврзуваат бубрезите со мочниот меур. При интервенцијата, доколку бубрежните камења се наоѓаат во мочниот меур, истите можат да се отстранат.

Ендоскопска операција за рак на мочен меур

Формата на третман на рак на мочен меур наречена површен транзиционен клеточен карцином со ендоскопска операција која се нарекува трансуретрална ресекција. Со примена на ендоскоп кој се нарекува цистоскоп, хирурзите го лоцираат туморот во мочниот меур и го отстрануваат со мала жичена јамка прикачена за цистоскопот. Оваа форма на рак најчесто се повторува заради што е потребна почеста редовна контрола со цистоскопија.

Бенигното проширување на простатата

Бенигното проширување на простатата мажите во нивните средни и подоцнежни години честопати доживуваат блокирање на уринирањето кое се случува кога простата се зголемува, што инаку е познато како бенигна хиперплазија на простата (BPH). Ова е најчестата абнормалност која влијае на простатата. Тоа е сосема бенигна состојба и не е поврзана со ракот на простатата. Умерените симптоми можат да се третираат со медикаменти коишто го опуштаат мускулот на простатата. Тешките симптоми мора да се третираат. Еден тип на третман е трансуреталната ресекција на простатата, која што користи телескоп за отстранување на зголеменото ткиво на простатата, со што се отстранува блокада и се овозможува непречен проток на урина.

Ендоскопски процедури

Литотрипсија

Во Клиничката болница Жан Митрев за разбивање на камења во урогениталниот тракт достапен е ласер кој е ефикасен за третман на сите различни видови и хемиски состави на камења и претставува оптимално решение дури и за оние камења кои се особено тешко достапни. А самиот зафат се изведува во болнички услови од страна на соодветно обучен уролог.

Овој пристап е одлична алтернатива за традиционалната литотрипсија бидејќи вклучува помал ризик од компликации и повисок степен на ефикасност и безбедност, без оглед на типот на камењата што треба да се третираат. Во споредба со другите хируршки процедури, ја има непобитната предност за минимизирање на крварењето и движењето на камењата (ретропулзија) за време на операцијата.

Покрај многуте предности што ги добиваат пациентите со оваа метода, дел од нив се:

  • Минимално инвазивна метода
  • Веднаш се решаваат симптомите
  • Многу кратко време на опоравување и враќање на секојдневните активности
  • Минимални нусефекти

Литотрипсија

Останати доктори од овој оддел

Горан Балевски

Д-р Горан Балевски

Специјалист по урологија

Види го профилот
Виктор Грујевски

Д-р Виктор Грујевски

Специјализант по урологија

viktor.grujevski@zmc.mk

Види го профилот
Горан Јовиќ

Д-р Горан Јовиќ

Хирург уролог

goran.jovic@zmc.mk

Види го профилот