Што е ласерска биостимулација?

Дневна доза здравје

септември 13, 2023

Ласерската биостимулација, позната како ласерска терапија, користи уреди кои генерираат ласерско зрачење со ниска фреквенција во видливиот инфрацрвен опсег. Моќност на овие зраци е во опсег од 1 до 500 mW. При изведување на биостимулациска ласерска терапија (LLLT), веројатноста за појава на несакани ефекти е многу мала. Третманите се апсолутно безболни, поради што можe да се користат за хронични, субакутни и акутни состојби. Терапијата се спроведува од физиотерапевти специјализирани за терапија на мускулно-скелетниот систем.
За време на постапката на третман, температурата на ткивото се зголемува за помалку од 0,5 степени целзиусови. Ласери кои генерираат зрачење од 500-760 nm во должина се користат за зрачење на ткива лоцирани плитко под кожата, додека кај подлабоко лоцирани болести ткивото се зрачи со 800-950 nm инфрацрвено зрачење.

Параметрите на лекување се приспособени на спецификите на болеста, а ефективноста на третманите зависи од нивното соодветно прилагодување. За различни услови се користат различни бранови должини на зрачење и различни дози на енергија.

Примена на ласерска биостимулација

Кои болести/состојби ги лекува?

Овој безбеден метод има широка примена во физикалната терапија.
Индикации за употреба на ласерска биостимулација се:

  • Дегенеративни промени во зглобовите
  • Дегенеративни промени на ‘рбетот
  • Невралгија
  • Субакутни и хронични состојби на ткивата
  • Субакутни и хронични состојби на зглобовите
  • Декубити и хематоми
  • Латерален епикондилитис
  • Гихт
  • Синдром на карпален тунел
  • Мускулна болка поради повреда
  • Калканеален шилец
  • Фрактури, исчашувања, дислокации
  • Парализа на нервите
  • Рани кои тешко се лекуваат.

Како ласерската биостимулација им помага на пациентите?

Овој тип на ниско-енергетско ласерско зрачење ги има следните бенефити врз ткивото:

  • антиедематозно,
  • антиинфламаторно,
  • подобрување на микроциркулацијата,
  • забрзување на реконструкцијата на ткивото,
  • стимулирање на имунолошките процеси,
  • подобрување на микроциркулацијата,
  • стимулација на ангиогенезата,
  • зголемување на амплитудата на потенцијалите за активност со нервните влакна,
  • зголемување на ензимската активност,
  • промени во потенцијалот на клеточните мембрани,
  • промени во секрецијата на невротрансмитери, хормони и кинини.

На ниво на клетки следува:

  • забрзување на размената на електролити помеѓу ќелијата и околината,
  • зголемување на биолошката активност,
  • анти-мутаген ефект,
  • промени во структурата на течните кристали на биолошките мембрани
  • зголемување на синтезата на колаген, протеини, РНК и АТП.

Покрај тоа, ефектот од користењето на ласерската биостимулација помага и во: зголемување на нивото на ендорфинот, зголемена активност на натриум-калиум пумпа, зголемена синтеза на АТП, ДНК и РНК, поефикасна апсорпција на лимфедемот, зголемена фагоцитоза и ангиогенеза и зголемен број на митохондрии во клетка (побрз клеточен метаболизам). Ласерската биостимулација се користи долги години во физикалната терапија. Овој метод особено се препорачува при тешко заздравувачки рани и за лекување на болка.
Третманите кои ги ползуваат корисните својства на ласерите во моментов се користат, меѓу другото, во дерматологијата, стоматологијата, спортската медицина и козметологијата.

Блаже Арсов
Дипломиран физиотерапевт
Специјалист за рeхабилитација во хирургија,
трауматолигија и ортопедија