00389 2 3091 484
јануари 01,2024
Карцином, канцер или рак е болест при која клетките на телото почнуваат неконтролирано да се размножуваат.
Ракот на белите дробови започнува во белите дробови, а може да се прошири на лимфните јазли или други органи во телото, како што е мозокот. Од друга страна пак ракот кој потекнува од други органи може да се прошири и на белите дробови. Кога клетките на ракот се шират од еден орган до друг, тоа се нарекува метастаза.
Ракот на белите дробови обично се категоризира во два главни типа: ситноклеточен и неситноклеточен (тие вклучуваат аденокарцином и сквамозен карцином). Овие типови на рак растат различно и бараат различни третмани. Неситноклеточниот карцином е почест од ситноклеточниот карцином на белите дробови.
Во повеќето случаи, ракот на белите дробови не предизвикува симптоми кај луѓето додека не е во напредна фаза. Симптомите на рак на белите дробови може да бидат различни за секоја личност. Некои луѓе имаат респираторни или други симптоми поврзани со белите дробови. Кај други пак, ракот на белите дробови може да потекнува од други делови од телото од каде се проширил (метастазирал) и тогаш да предизвика специфични симптоми во погодениот дел. Има и луѓе кои имаат само општа непријатност.
Симптоми на рак на белите дробови може да бидат:
Ракот на белите дробови може да биде придружен со други промени, како што се повторени напади на пневмонија и воспаление или зголемување на лимфните јазли внатре во градниот кош во областа помеѓу белите дробови.
Овие знаци / симптоми може да се појават и при други болести. Затоа, клучно е при постоење на вакви знаци и симптоми, истите да не се занемаруваат туку задолжително да се посети лекар кој ќе ја утврди вистинската причина.
Закажете го вашиот термин на 02 3091 484