00389 2 3091 484
јануари 01,2014
СИМОПЗИУМ НА ОРТОПЕДИ
На 15 и 16 Ноември 2013 година во Хотелот Александар Палас во Скопје се одржа Симпозиум по повод 20 години од основањето на македонското здружение за ортопеди и трауматолози (МАДОТ). На симпозиумот покрај членови на МАДОТ беа присатни и еминентни стручњаци од повеќе земји од странство. На симпозиумот беа презентирани интересни трудови од странство,како и од членови на нашето друштво. Вкупно беа изложени 37 труда. За секој труд имаше и дискусија. Презентациите беа распоредени во неколку сесии кои беа посетени од околу 100 ортопеди ,трауматолози и други сродни специјалистички гранки. Нашата болница зеде активно учество на симпозиумот како во претседателствата, а исто така и со презентација на сопствен труд ” Анализа на првите 1000 оперативни интервенции на одделението за ортопедија во Специјалната болница “Филип Втори”-Скопје. Трудот побуди интерес како кај странските гости исто така и кај членовите на МАДОТ.На симпозиумот имаше изложба на свои производи од наши и странски фармацевски и ортотско-протетски куќи.Како резултат на нашите активности добивме понуди за соработка со колеги и болници од странство и од нашата земја. Повторно ќе биде воспоставена соработка со колеги од Данска, Холандија,Бугарија, Албанија,Турција, Израел и со повеќе поранешни Југословенски републики.Посебен интерес потикнавме со презентација на современите трендови во артроскопската хирургија ,ревизионата преотетска хирургија како и во современот пристап кон туморската патологија на мускуло-скелетниот систем. Како резултат на нашето активно учество на симпозиумот добивме сертификати за учество и благодарница за активностите на друштвото МАДОТ. Од активностите на Симпозиумот значајно е да се одбележи и публикацијата на Книга на абстракти. Ако треба да се даде оценка за симпозиумот слободно може да се каже дека истиот беше успешен и многу користен за македонската ортопедија и трауматологија.