Сликата на д-р Митрев како икона ја чувам, закачена на ѕидот во мојот дом

Дневна доза здравје

јуни 23, 2015

Прво што слушнав од лекарите беше : „ВАШИОТ БРАТ Е СПАСЕН„

„Никогаш не сум верувал во Господ , по она што ми се случи, за мене постои само еден чија слика како икона ја чувам закачена на ѕидот во мојот дом , сликата на д-р Жан Митрев “ . Со овие зброви 59 годишниот Рамиз Селим ја започнува својата приказна за преживеаното, со неверување дека се уште е жив.

Го сретнавме во чекланата на „Филип Втори“ заедно со неговиот постар брат Хуна, дојден на редовна контрола . И додека Рамиз зборува , неговит Хуна не престанува да плаче. Секој збор му ги враќа сликите кои и не биле така одамна , слики помеѓу надеж за нов ден и молитва тој нов ден да не е последен . Разделени се веќе 43 години, од како Хуна заминал во Швајцарија. Иако со години живеат на различни страни сепак крвта вода не бива, останале силно поврзани до денеска. Сиромаштијата на Рамиз ја олеснува Хуна, за братот и животот би го дал. Низ солзи се присетува како реаграл кога му се јавиле од Македонија дека состојбата на брат му е многу тешка бидејќи има прскање на аортата во стомачниот дел.: „ Избезумен , исплашен, скршен ,така се чуствував кога ја слушнав лошата вест за здравјето на мојот Рамиз. Се обидував да бидам присебен но тешко ми одеше во тие моменти. Си велев имав двајца браќа едниот ми почина, само Рамиз да остане жив. Не знаев што да направам, помислував да беше до мене можам многу, но пуста далечина тежи и кога се радувам и кога тагувам. Само им реков носете го во најдобрата болница кај најдобриот лекар. Со првиот авион од Цирих во најкусо можно време стигнав во Скопје. Првите зборови кои ги слушнав кога дојдов во делот на интензивна нега во болницата „Филип Втори“ беа – „ВАШИОТ БРАТ Е СПАСЕН“ . Зборови кои секојдневно ми се повторуваат и ме потсетуваат на една силна вистина. Не постои начин,збор,дело да ја искажам мојата благодарност кон д-р Жан Митрев и целиот негов тим на беспрекорниот ангажман на сите тие доктори и сестри, кои неуморно се борат се грижат за секој пациент, без оглед од каде е и на кој Бог се моли, на кој јазик зборува. Никогаш не можам да се оддолжам на тој човек кој е национално богатство на Македонија, за животот на мојот брат. Д-р Митрев е чудо од лекар-генијалец“ Од операцијата на Рамиз поминати се 6 месеци а тој вели :„ Не сакам да се сеќавам на ништо , беше , помина и нека остане таму како што велеше баба ми-нека оди во пуста гора. Се уште не можам да се начудам дека тоа ми се случи мене, јас кој во животот на лекар немам отидено, здравствената книшка ми е празна, немам ни еден наод, ни еден потпис од медицинско лице, никогаш не сум имал потреба од лекарска грижа, помош . Се до тој 10 октомври 2014 година кога овде во „Филип Втори“ ми дадоа нов живот, фала им од срце“. Постои една стара народна која вели „Брат брата не рани , тешко оному кој го нема“ . Потврда за оваа изрека се браќата Рамиз.