00389 2 3091 484
октомври 10,2015
Случај на нетретирана атријална фибрилација и аорто-илијачна оклузивна болест како компликација
Атријална фибрилација е водечка превентабилна причина за повторувачки мозочен удар за која рана детекција и третман се од огромно значење. Пароксизмална атријална фибрилација е често асимптоматска и сеуште, за жал e не соодветно третирана во однос на превенција на тромбемболизам (само 42% од пациентите со CHA2DS2-VASc >3 се на антикоагулантна терапија- Синтром).Тука презентираме случај на нетретирана атријална фибрилација и последователен емболизиран тромб кои ја оклудирал(запушил) инфериорната аорта. Седумдесет и осум годишен маж нагло почувствувал силна болка и загуба на осет во двете нозе додека работел на поле. Неговата медицинска историја вклучува покачен крвен притисок, поранешен мозочен удар и претходна аритмија(атријална фибрилација) за што не земал соодветни лекови. На преглед во ургентна амбуланта беше приметено дека двете нозе му се ладни и бледо пребоени како и забележано е отсуство на артериски пулсации од докторот. Беше направено доплер ултразвучно испитување кое откри отсуство на проток во периферните артерии на двете нозе. Понатаму, ехокардиографското иследување покажа зголемена димензија на левата предкомора со голем подвижен тромб прикрепен под постериорниот митрален куспис. Компјутерска томографија го потврди присуството на тромбот и откри оклузија на абдоминалната аорта точно пред бифуркацијата.
Пациентот ургентно беше пренесен во хируршка сала каде му беше извршен оперативен зафат- аорто-бифеморално бајпас премостување со протеза- Y Алографт 14/7mm.
Постоперативно пациентот беше поставен на антикоагулантна(Синтром) и антитромбоцитна (Клопидогрел) терапија. Континурирано ехокардиографско следење покажа комплетно исчезнување на тромбот по 5 месеци.