00389 2 3091 484
јуни 06,2018
Случајот со првото тродимензионално срце во државава деновиве беше публикуван на официјалната страница на компанијата „3D живот“ (3D Life). Оваа нова технологија која сега, преку Zan Mitrev Clinic, веќе ја имаме и во државава, е достапна и за нашите граѓани. Доктор Жан Митрев вели дека за него, но и за сите хирурзи, еден ваков модел на орган е од огромно значење бидејќи со него може да се направи комплетната анализа на состојбата и да се види објективно како тој орган изгледа реално а врз база на тоа да се постави и вистинската дијагноза.
„3D живот“ (3D Life) го користи најнапредниот печатач кој нуди исклучително прецизна изградба на тродимензионални модели способни да користат многу широк спектар на материјали во повеќе бои, со што се обезбедуваат врвни квалитетни услуги за пребирливите професионалци од чувствителни области, како што се медицината, архитектурата и инженерството.
Вакви 3-де модели може да се прават и за други пациенти, и за други органи. За ова е потребна врвна компјутерска томографија која ја има во Zan Mitrev Clinic и е најмоќна во државава и пошироко. За некои пациенти, за некои болести, оваа метода на дијагностика е од непроценлива важност. Во насока на достапност на целата метода до пациентите во иднина посакувано би било да се вклучи и Фондот за здравствено осигурување на Република Мекедонија со покривање на трошоците за изработка. Времето за изработка на еден ваков модел е околу еден месец. Меѓутоа оваа метода се практикува за хронични болести кои не бараат брзи интервенции и брзи одлуки. Важно е да се напомни дека сето ова оди преку меѓународна експертиза и во тоа се вклучени врвни хирурзи.