00389 2 3091 484
октомври 27, 2020
Мамографија со посебен осврт на томосинтеза –3Д мамографија
Мамографијата е неинвазивна метода за преглед на дојката која се користи за откривање на тумори и други промени кој се премали за да се испалпираат. Првата мамографија се советува да се направи помеѓу 35-40-та годишна возраст, а по 40-та година секои 1- 2 години.
2Д дигитална и 3Д мамографијата – томосинтеза
2Д мамографија – е радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40%, а со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација на микрокалцификатити и архитектонската дисторзија на дојката, а сето тоа е предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум.
3Д мамографијата – томосинтеза е најнова технологија која користи поголем број проекции од повеќе агли на секоја дојка при што се добиваат 50 слики од сите делови на дојката со дебелина од 1мм.
Дојката е позиционирана на ист начин како и 2Д мамографијата, но се користи помал притисок. Студиите докажале дека 3Д мамографија-томосинтеза го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Томосинтезата е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцирана бројот на непотребни биопсии. Томосинтезата го минимизира ефектот на преклопување и овозможува јасен приказ на мали лезии.
Нашиот мамомат е најсовремен апарат со супериорни клинички перформанси, ергономичен дизајн кој овозможува комфорт на пациентката за време на снимањето, ниски дози на зрачење како и брзина на скенирање од 3,7 секунди.
Д-р Магделена Поповска Цветкова
Спец. по радиодијагностика