00389 2 3091 484
декември 7, 2018
Во Zan Mitrev Clinic направен е нов чекор во лекување на деца и возрасни со срцеви маани. Од денеска за пациентите достапни се нови напредни интервенции со нови пофлексибилни материјали, кои може да се применуваат дури и кај новороденчиња.
Конкретно станува збор за затворање на вентрикуларен септален дефект што спаѓа во доста напредните процедури на интервентната кардиологија, на структурните дефекти на срцето.
Доктор Иван Милев, со останатиот дел од тимот, имаше реализација на неколку вакви случаи во текот на денот заедно со доктор од Турција, земја која има напредната медицина во делот на детската кардиохирургија и интервенции на вродени срцеви маани
Сепак, доктор Милев појаснува дека ова се напреднати интервенции коишто во Zan Mitrev Clinic се работат повеќе од 10 години, но сега со нови пософистицирани материјали погодни за повеќе групи на пациенти.
– Ова е затворање на вентрикуларен септален дефект што спаѓа во доста напредните процедури на интервентната кардиологија на структурните дефекти на срцето. Специфичноста е во тоа што за прв пат се користи нов материјал, нови протези, коишто се погодни за затворање на вакви дефекти и кај помала возраст, така да се надеваме дека во догледно време ќе можеме оваа програма да ја спуштиме на возраст, на ниво, на мали деца, па дури и на доенчиња бидејќи материјалите со коишто се направени се пофлексибилни, системите за имплантација помалку оштетуваат ткива, како вените, артериите на нозете… Ова на некој начин е нов чекор на лекување на деца и возрасни со срцеви мани, така да задоволни сме од тоа како трендовите во светот и новините се имплементираат тука во Zan Mitrev Clinic.
Докторот кој е дојден денеска кај нас е од Турција. Турција има напредната медицина во делот на детската кардиохирургија и интервенции на вродени срцеви мани. Јас бев таму поканет пред неколку месеци како гостин и таму ги видов сите овие процедури што се прават и учествував во дел од нив така да нашата цел беше првите имплантации да бидат покриени со луѓе коишто имаа поголемо искуство за да ни биде успешен почетокот, но, техниката на имплантација е иста како кај претходните затворања – појаснува доктор Иван Милев.