00389 2 3091 484
септември 09,2012
Соработката со Самарскиот медицински факултет од Русија продолжува и годинава
Специјалната болница „Филип Втори“ повторно беше домаќин на студенти од Русија. Веќе неколку години по ред, Специјалната Болница „Филип Втори“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ја организираат научно-наставната пракса за студенти од Русија, од Самарскиот медицински факултет. Во периодот од 10.08.2012 до 24.08.2012 година, шест студенти престојуваа во болницата.Во рамките на предвидената научно-наставна пракса, студентите се запознаа со работата на болницата, начинот на организација, комплетната дијагностика на пациентите, како и со оперативните техники при извршување на кардиоваскуларни и други типови операции.“За мене ова е втор пат како сум на летна пракса во Филип Втори. Бев и минатата година со друга група на студенти. До сега болницата ги има исполнето сите мои очекувања. Секојдневно се запознавам со нови работи кои се од неизмерно значење за нас како млади лекари студенти. Се работи на високо професионално ниво, по светски препораки и стандарди за работа. Лекарите несебично ни го пренесуваат нивното знаење“, изјави студент од Самарскиот медицински факултет.