Совети за интимното здравје и како да се чувствувате добро ова лето
Дневна доза здравје
јули 28, 2021
Летото е едно од најомилените периоди во годината поради времето за одмор. Но исто така е и едно од најкомпликуваните во поглед на интимното здравје на жените.
Подолгото или континуирано задржување во вода, било тоа да е море или езеро, во комбинација со високите температури, придонесуваат кон зголемување на можноста за непријатности. Освен тоа присутни се потта, влажноста и песокот кои исто така треба да се контролираат бидејќи во текот на летото тие можат да предизвикуваат проблеми, уништувајќи го нашиот одмор.
Од суштинско значење е да се внимава на хигиенските навики, нешто што многу малку жени го прават и покрај фактот дека има многу кои признаваат дека ги забележуваат овие непријатности барем еднаш во текот на летото.
Вагиналната рH е механизам кој функционира така што служи вагината да ја заштити од инфекции. Според состојбата на зрелост на жената, таа се менува за да одговара на животниот период, а со правилна грижа и прилагодување на навиките на вагинална хигиена ќе помогне да се спречат болестите.
Неколку совети за правилно одржување на вашата интимна хигиена:
Внимавајте кога сте во вода. Во лето можете да поминувате часови и часови во морето и базените и оваа влажност може да ја измени вагиналната pH вредност. Препораката е после секое бањање да направите промена на влажната со сува облека што ќе го спржи задржувањето на влажноста во интимната зона и можните бактериите на вашата облека.
Лична хигиена. Често ја подложуваме оваа деликатна област на хлор и други штетни елементи. Внимавајте на одржувањето на соодветна интимна хигиена. Користењето адекватни гелови и обидот да се користи топла вода ќе помогнат да се отстранат бактериите и да се одржи pH регулирано.
Носете соодветна долна облека. Најдобра е онаа која не е претесна и е направена од памук. Во лето, не се само високите температури они кои не потат, туку и тесната облека, синтетичките материјали кои го блокираат потењето на интимната областа и ја прават подложна на бактерии. Носењето памучна облека што дише е пријатна и безбедена како мерка.
Редовно менувајте ги влошките за време на циклусот. Во лето, часовите минуваат брзо, а во некои случаи, забораваме да ги менуваме влошките што може да предизвика инфекција или во некои случаи и посериозна болест.
Одржувајте врамнотежена исхрана. Јадењето и пиењето вода му помагаат на телото да биде здраво и тоа се рефлектира во секој поглед на нашето здравје. Консумирањето овошје и зеленчук што содржи вода ќе го олесни елиминирањето на токсините кои предизвикуваат бактериски болести.
Следењето на овие едноставни чекори ќе ви овозможи да го поминете летото и топлината на најдобар можен начин. Доброто интимно здравје ќе ви дозволи да присуствувате на она што е навистина важно, да уживате во летото.
Поврзани Новости
28.03.2025
Детекција на генетски промени кои зголемуваат ризик за развој на рак
Некои видови на рак, како што се рак на дојка, рак на јајници, рак на дебело црево, како и многу…